13. Менување влошка
Cover Image
Image tooltip text
Наведете дека хартијата од влошката мора да се тргне, за да може влошката да се залепи на гаќите. Согласно можностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка опишете ја лепливата страна како „задна страна“ или „позади влошката лепи“ или „позади влошката е леплива“. Користете модел за демонстрирање (отворена влошка) за да го претставите движењето, односно одлепувањето нахартијата. Демонстрирањето можете да го изведете Вие или на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да примените техника рака врз рака, каде со Вашите раце ги движите рацете на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка за таа да ја изведе активноста. На овој начин го поттикнувате моторното учење кај Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка.