7. Менување влошка

Submitted by anikolovska on
Tags
Женско
Menstruation
Како прв чекор во менувањето на влошката наведете го одлепувањето на крилцата. Согласно можностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка објаснете дека со одлепување прво на крилцата, полесно ќе се извади целата влошка. Користете модел за демонстрирање (гаќи со залепена влошка, на која има обоена вода) за да го претставите движењето, односно одлепувањето на крилцата. Демонстрирањето можете да го изведете на Вас или на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка применувајќи техника рака врз рака, каде со Вашите раце ги движите рацете на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка за таа да ја изведе активноста. На овој начин го поттикнувате моторното учење кај Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка.

Со спуштени гаќи седнувам на шољата.

Ги одлепувам крилцата од гаќите.

Objective
Knowledge
Тематска област
Вештини за здравје и благосостојба
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-03/7_0.jpg

Add new comment