Согласно можностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка наведете дека е потребно влошката со крв да се завитка во тоалетна хартија за да не се гледа крвта на неа. На тој начин другите луѓе, кога ќе фрлаат ѓубре во корпата за отпадоци, нема да видат дека во корпата има влошка со крв. Исто така можете да дополните дека некои луѓе не можат да гледаат крв и може да им се слоши. Користете модел за демонстрирање (влошка на која има обоена вода) за да го претставите движењето, односно завиткувањето на влошката со крв во тоалетна хартија. Демонстрирањето можете да го изведете Вие или на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да примените техника рака врз рака, каде со Вашите раце ги движите рацете на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка за таа да ја изведе активноста. На овој начин го поттикнувате моторното учење кај Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка.
Влошката со крв ја виткам во тоалетна хартија.
Така нема да се гледа крвта на влошката.
Objective
Knowledge
Тематска област
Вештини за здравје и благосостојба
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-03/9_0.jpg