Image tooltip text
Согласно можностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка нагласете дека менструацијата трае неколку дена, најмногу една недела. Бројот на денови на траење на менструацијата асоцирајте ја со активности кои неа и се познати и траат колку што трае нејзината менструација (од понеделник до петок, колку што одиме на одмор, колку што денови одиш во училиште, дневен центар и сл.). Важно е да нагласите дека откако ќе поминат тие неколку дена, крвта престанува, за да не добие погрешен впечаток дека постојано излегува крв од вагината. Во текот на менструацијата користете календар за обележување на менструалните денови. Заедно со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка одберете симбол со кој ќе ги означувате тие денови (слика од влошка, смајли и сл.). На овој начин Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ќе може да ги визуелизира деновите кои преостануваат до крајот на менструацијата, односно да знае уште колку денови треба да носи влошка.