Ниво 1

17. СЕКСУАЛНИ ЧУВСТВА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете дека еректираниот пенис предизвикува сексуални чувства. Поврзете ги сензациите во пределот на стомакот и гениталиите, кои се јавуваат заедно со сексуалните чувства.

16. СЕКСУАЛНИ ЧУВСТВА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете дека допирањето на пенисот може да предизвика сексуални чувства. Дополнително потенцирајте важноста таа активност да биде реализирана само во приватен простор.

15. СЕКСУАЛНИ ЧУВСТВА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете дека допирањето од страна на девојката може да предизвика сексуални чувства. Од особено значење е да нагласите дека за таа активност потребна е согласност од двете страни, односно и момчето и девојката да сакаат да се допираат. Доколку едниот од нив не се согласува, не сака, тогаш девојката нема да го допира момчето. Согласноста е нераздвоен дел од секоја врска, особено кога станува збор за сексуална врска. Дополнително потенцирајте важноста таа активност да биде реализирана само во приватен простор.

14. СЕКСУАЛНИ ЧУВСТВА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете дека допирањето на девојката може да предизвика сексуални чувства. Од особено значење е да нагласите дека за таа активност потребна е согласност од двете страни, односно и момчето и девојката да сакаат да се допираат. Доколку едниот од нив не се согласува, не сака, тогаш момчето нема да ја допира девојката. Согласноста е нераздвоен дел од секоја врска, особено кога станува збор за сексуална врска. Дополнително потенцирајте важноста таа активност да биде реализирана само во приватен простор. Наведете дека сексуалните чувства може да се именуваат и како „секси допири“, за да Вашето дете/ученик/роднина/корисник биде запознаен со жаргоните кои се употребуваат за одредени зборови.

13. СЕКСУАЛНИ ЧУВСТВА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете дека бакнувањето со девојката може да предизвика сексуални чувства. Од особено значење е да нагласите дека за таа активност потребна е согласност од двете страни, односно и момчето и девојката да сакаат да се бакнуваат. Доколку едниот од нив не се согласува, не сака, тогаш момчето и девојката нема да се бакнуваат. Согласноста е нераздвоен дел од секоја врска, особено кога станува збор за сексуална врска.

12. СЕКСУАЛНИ ЧУВСТВА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете дека гушкањето со девојката може да предизвика сексуални чувства. Од особено значење е да нагласите дека за таа активност потребна е согласност од двете страни, односно и момчето и девојката да сакаат да се гушкаат. Доколку едниот од нив не се согласува, не сака, тогаш момчето и девојката нема да се гушкаат. Согласноста е нераздвоен дел од секоја врска, особено кога станува збор за сексуална врска.

11. СЕКСУАЛНИ ЧУВСТВА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете дека држењето за рака со девојката може да предизвика сексуални чувства. Од особено значење е да нагласите дека за таа активност потребна е согласност од двете страни, односно и момчето и девојката да сакаат да се држат за рака. Доколку едниот од нив не се согласува, не сака, тогаш момчето и девојката нема да се држат за рака. Согласноста е нераздвоен дел од секоја врска, особено кога станува збор за сексуална врска.

10. СЕКСУАЛНИ ЧУВСТВА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Покрај претходно наведените физички сензации во пределот на стомакот и гениталиите, особено важно е да ја наведете и ерекција, како можна последица на сексуалните чувства. Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник посочете дека сексуалните чувства може да се јават и без ерекција.

9. СЕКСУАЛНИ ЧУВСТВА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека во сексуална врска присутни се сексуални чувства. Дополнете дека тие чувства се разликуваат од чувствата кои ги има во другите видови на врски (семејна, роднинска, комшиска, другарска итн.). Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник потенцирајте дека љубовта кон девојката е различна од љубовта кон семејството, роднините или другарите и другарките. Сензациите кои ги предизвикуваат сексуалните чувства опишете ги како движење, треперење или скокоткање во стомакот и пределот на гениталиите. Важно е да се наведат овие сензации, за да може истите Вашето дете/ученик/роднина/корисник да ги препознае како последица на сексуалните чувства.

8. СЕКСУАЛНИ ЧУВСТВА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник нема девојка, тогаш нагласете дека постои можност во иднина да има девојка. Потенцирајте дека со девојката Вашето дете/ученик/роднина/корисник ќе има сексуална врска.