Ниво 1

7. СЕКСУАЛНИ ЧУВСТВА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Важно е да се нагласат активностите, допирите кои се практикуваат со другарите и другарките, за да Вашето дете/ученик/роднина/корисник истите ги препознае како соодветни, безбедни допири во рамки на другарска врска. Доколку има дополнителни активности, допири, кои се практикуваат меѓу другарите, другарките и Вашето дете/ученик/роднина/корисник, тогаш наведете ги и нив.

6. СЕКСУАЛНИ ЧУВСТВА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете ги другарите и другарките на Вашето дете/ученик/роднина/корисник, односно именувајте ги истите според нивните лични имиња. Потенцирајте дека со другарите и другарките Вашето дете/ученик/роднина/корисник има другарска врска.

5. СЕКСУАЛНИ ЧУВСТВА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Важно е да се нагласат активностите, допирите кои се практикуваат со роднините, за да Вашето дете/ученик/роднина истите ги препознае како соодветни, безбедни допири во рамки на роднинската врска. Доколку има дополнителни активности, допири, кои се практикуваат меѓу роднините на Вашето дете/ученик/роднина, тогаш наведете ги и нив.

4. СЕКСУАЛНИ ЧУВСТВА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Набројте ги роднините (баба, дедо, тетка, чичко итн.) и согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина именувајте ги истите според нивните лични имиња. Потенцирајте дека со роднините Вашето дете/ученик/роднина има роднинска врска.

3. СЕКСУАЛНИ ЧУВТСВА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Важно е да се нагласат активностите, допирите кои се практикуваат во семејството, за да Вашето дете/ученик/роднина истите ги препознае како соодветни, безбедни допири во рамки на семејството. Доколку има дополнителни активности, допири, кои се практикуваат во семејството на Вашето дете/ученик/роднина, тогаш наведете ги и нив.

2. СЕКСУАЛНИ ЧУВСТВА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Набројте ги членовите на семејството (мама, тато, сестра, брат итн.) и согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина именувајте ги истите според нивните лични имиња. Како член од семејството набројте го и Вашето дете/ученик/роднина, да знае дека и тој припаѓа на семејството. Потенцирајте дека со семејството Вашето дете/ученик/роднина има семејна врска.

1. СЕКСУАЛНИ ЧУВСТВА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Набројте луѓе од блиското и подалечното опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник (членови на семејството, роднини, пријатели, познаници и сл.). Посочете со кои од нив се гледа често, а со кои ретко.

10. Што е пријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Заедно со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка набројте ги сите ситуации, претходно дискутирани, во кои таа се чувствува убаво/пријатно. Уште еднаш опишете ги лицевите експресии, со зборови познати на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка, (девојката е весела, среќна, задоволна,мирна, се смее и сл.) кои таа ги има додека ги изведува/практикува претходно набројаните активности. Уште еднаш нагласете дека убаво значи пријатно и обратно.

9. Што е пријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија на девојката претставена на илустрацијата. Побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да каже како таа се чувствува кога ја слуша нејзината омилена музика/песни/песна и воедно да покаже каков израз на лицето има (како и изгледа лицето) кога ја слуша токму омилената музика/ песни/песна. Предложените активности изведувајте ги пред огледало. Доколку сте во можност искористете природна ситуација кога опишаната активност Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ја практикува спонтано за да дискутирате како таа се чувствува.

8. Што е пријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија на девојката претставена на илустрацијата. Побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да каже како таа се чувствува кога ја јаде нејзината омилена храна и воедно да покаже каков израз на лицето има (како и изгледа лицето) кога ја јаде токму омилената храна/омиленото јадење. Предложените активности изведувајте ги пред огледало. Доколку сте во можност искористете природна ситуација кога опишаната активност Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ја практикува спонтано за да дискутирате како таа се чувствува.