9. СЕКСУАЛНИ ЧУВСТВА

Submitted by tstankova on
Tags
Машко
Нагласете дека во сексуална врска присутни се сексуални чувства. Дополнете дека тие чувства се разликуваат од чувствата кои ги има во другите видови на врски (семејна, роднинска, комшиска, другарска итн.). Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник потенцирајте дека љубовта кон девојката е различна од љубовта кон семејството, роднините или другарите и другарките. Сензациите кои ги предизвикуваат сексуалните чувства опишете ги како движење, треперење или скокоткање во стомакот и пределот на гениталиите. Важно е да се наведат овие сензации, за да може истите Вашето дете/ученик/роднина/корисник да ги препознае како последица на сексуалните чувства.

За мојата девојка јас ќе имам сексуални чувства.

Сексуалните чувства се различни од чувствата кои ги имам за моето семејство, роднини или другари.

Сексуалните чувства ќе прават како нешто да ме скокотка и движи во стомакот и пенисот.

Objective
Knowledge
Тематска област
Сексуалност и сексуално однесување
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-03/9_2.jpg

Add new comment