14. СЕКСУАЛНИ ЧУВСТВА

Submitted by tstankova on
Tags
Машко
Наведете дека допирањето на девојката може да предизвика сексуални чувства. Од особено значење е да нагласите дека за таа активност потребна е согласност од двете страни, односно и момчето и девојката да сакаат да се допираат. Доколку едниот од нив не се согласува, не сака, тогаш момчето нема да ја допира девојката. Согласноста е нераздвоен дел од секоја врска, особено кога станува збор за сексуална врска. Дополнително потенцирајте важноста таа активност да биде реализирана само во приватен простор. Наведете дека сексуалните чувства може да се именуваат и како „секси допири“, за да Вашето дете/ученик/роднина/корисник биде запознаен со жаргоните кои се употребуваат за одредени зборови.

 

Сексуални чувства ќе имам кога ќе ја допирам мојата девојка на градите и вагината.

Овие допири се викаат сексуални допири.

Јас ќе може да ја допирам мојата девојка ако таа сака.

Ако таа не сака, јас нема да ја допирам.

Само ако двајцата сакаме ќе може да се допираме.

Objective
Knowledge
Тематска област
Сексуалност и сексуално однесување
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-03/14_1.jpg

Add new comment