Доколку постојат и други личности со кои Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка може да зборува за ставање на влошка и може да побара помош од нив (член на семејство, роднина, блиско опкружување) наведете ги и нив. Важно е сепак да се ограничи кругот со кои луѓе може да зборува на конкретната тема и од кои може да побара помош при ставање на влошка. Охрабрете ја Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка на почетокот на првите менструални периоди да носи потемна облека, на која нема да биде видлива дамка од крв, доколку се случи изместување на влошката или протекување на крв на облеката. На овој начин се намалува можноста од непријатни ситуации во јавноста (училиште, надвор од домот и др.).
Сега знам како да ставам влошка на гаќите.
Ако ми треба помош да ставам влошка ќе ги прашам мама и тато.
Мама и тато ќе ми помогнат да ја ставам влошката на гаќите.
Objective
Knowledge
Тематска област
Вештини за здравје и благосостојба
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-03/20.jpg