Image tooltip text
Иако чинот на сексуален однос е детално опишан во една од претходните приказни „Сексуален однос“, сепак повторно нагласете дека внесувањето на пенисот во вагината претставува сексуален однос. Од особено значење е Вашето дете/ученик/роднина/корисник да ја запомни таа информација, за да може следствено да го разбере процесот на зачнување. Дополнително, побарајте од Вашето дете/ученик/роднина/корисник да ја опише лицевата експресија на момчето и девојката претставени на илустрацијата, за да потоа се именува како и двајцата се чувствуваат за време на сексуалниот однос. На овој начин поставувате правило дека сексуалниот однос треба да предизвика убави чувства и желба за истиот, а не болка и одбивност.