Ниво 1

12. СЕКСУАЛЕН ОДНОС

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Појаснете му на Вашето дете/ученик/роднина/корисник дека на пенисот му е потребно допирање за да може да излезе спермата од него. Од таа причина, може да го допира пенисот, кога ќе го извади од вагината на девојката.

11. СЕКСУАЛЕН ОДНОС

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Од големо значење е објаснувањето на физичките промени кое се случуваат на телото за време на сексуалниот однос. Нивното идентификување создава можност Вашето дете/ученик/роднина/корисник истите да ги прифати како очекувани и природни реакции на телото за време на сексуалниот однос, без присуство на страв и срам од истите.

10. СЕКСУАЛЕН ОДНОС

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Покрај описот на движењето на пенисот напред-назад, потенцирајте ја емоционалната компонента, односно пријатно чувство кое се доживува за време на сексуалниот однос. На овој начин сексуалниот однос се претставува како дел од сексуалната врска и сексуалниот живот на Вашето дете/ученик/роднина/корисник, наместо како срамна и забранета активност.

9. СЕКСУАЛЕН ОДНОС

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека пенисот треба да биде еректиран, за да може да влезе во вагината. На овој начин се намалува можноста Вашето дете/ученик/роднина/корисник да стекне знаење дека сексуалниот однос може да се практикува без ерекција. Исто така, посочете дека вагината на девојката може да биде малку мокра или навлажнета и дека тоа е во ред. Односно, дека токму тоа ќе помогне неговиот пенис полесно да влезе во вагината.

8. СЕКСУАЛЕН ОДНОС

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека доколку момчето или девојката не се согласува, односно не сака да има секс, тогаш тоа значи дека нема да имаат секс. Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник дополнете дека никој не треба да го тера да има секс, а исто така и тој не треба да ја тера девојката да имаат секс, ако некој од нив не сака.

7. СЕКСУАЛЕН ОДНОС

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Како за сите активности во сексуална врска (гушкање, бакнување и сл.), така и за сексуалниот однос од особено значење е да ја нагласите потребата од двострана согласност меѓу Вашето дете/ученик/роднина/корисник и девојката.

6. СЕКСУАЛЕН ОДНОС

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Експлицитното објаснување, дефинирање на сексуалниот однос е многу важно. Секоја примена на „пристојни“ фрази ја намалува можноста Вашето дете/ученик/роднина/корисник да добие точна и недвосмислена информација. Неминовна е потребата од нагласување на годишната возраст кога сексуалниот однос е дозволен, со цел да се намали можноста од прекршување на законот.

5. СЕКСУАЛЕН ОДНОС

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Важно е да ги посочите физичките промени кои се случуваат при присуство на сексуални чувства. На овој начин Вашето дете/ученик/роднина/корисник овие промени ќе ги доживее како составен дел од сексуалната врска, наместо како промени за кои не знае дали воопшто треба да бидат присутни.

4. СЕКСУАЛЕН ОДНОС

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник објаснете дека сексуалните чувства може да станат уште посилни кога тој е со девојката. Затоа може да се јави желба и кај двајцата да бидат уште поблиски, односно да се соблечат голи и да се допираат. Нагласете ја потребата од приватност во таа ситуација.

3. СЕКСУАЛЕН ОДНОС

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Потенцирајте ја потреба од согласност од двете страни за практикување на било какви допири меѓу Вашето дете/ученик/роднина/корисник и девојката. Од особено значење е да се воспостави правилото на обострана согласност,со цел намалување на можноста за сексуална злоупотреба.