2. БРЕМЕНОСТ

Submitted by tstankova on
Tags
Машко
Иако чинот на сексуален однос е детално опишан во една од претходните приказни „Сексуален однос“, сепак повторно нагласете дека внесувањето на пенисот во вагината претставува сексуален однос. Од особено значење е Вашето дете/ученик/роднина/корисник да ја запомни таа информација, за да може следствено да го разбере процесот на зачнување. Дополнително, побарајте од Вашето дете/ученик/роднина/корисник да ја опише лицевата експресија на момчето и девојката претставени на илустрацијата, за да потоа се именува како и двајцата се чувствуваат за време на сексуалниот однос. На овој начин поставувате правило дека сексуалниот однос треба да предизвика убави чувства и желба за истиот, а не болка и одбивност.

Јас и мојата девојка може да имаме секс само ако двајцата сакаме.

Секс значи дека јас пенисот ќе го ставам во вагината на мојата девојка.

Тогаш на двајцата ќе ни биде убаво.

Objective
Knowledge
Тематска област
Сексуалност и сексуално однесување
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-03/2_4.jpg

Add new comment