5. Што е непријатно
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија, претставена на илустрацијата, со зборови кои и се познати на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка (стиснат нос, свртена глава на другата страна, не и е убаво, не се смее и сл.). Заедно со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка дискутирајте кога нејзините пазуви мирисаат лошо (после трчање, вежбање, кога ќе се испоти,кога не е бањата и сл.). Заедно со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка застанете пред огледало. Вие помирисајте ги Вашите пазувите и опишете ја Вашата лицева ескпресија (за непријатен мирис). Потоа побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да ги помириса своите пазуви и да го опише изгледот на своето лице. Доколку сте во можност искористете природна ситуација кога опишаната активност Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ја практикува спонтано за да дискутирате како таа се чувствува и како изгледа кога пазувите и мирисаат лошо (при пресоблекување, мирисање на пазувите по одредена физичка активност, кога е испотена, кога е многу топло и сл.).