Опишете ја лицевата експресија, претставена на илустрацијата, со зборови кои и се познати на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка (има болка, не се смее, изгледа тажна и сл.). Дополнително опишете ја и поставеноста на телото (со рацете се држи за стомакот, свиткана е во грбот кон напред и сл.). Исто така можете да наведете и други ситуации во кои Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка почувствувала болка на друг дел на телото (заб, глава, нога, рака и сл.). Покажете и на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка како изгледа Вашето лице кога Вие чувствувате болка. Потоа побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да покаже како изгледа нејзиното лице кога него нешто ја боли. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.
Не ми е убаво кога ме боли стомакот.
Кога ме боли стомакот мене ми е непријатно.
И на моето лице се гледа дека ми е непријатно.
Objective
Knowledge
Тематска област
Врски
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-03/2_5.jpg