Поврзете го поимот неубаво/не ми е убаво со непријатно. Дополнете дека непријатно значи неубаво и обратно. Опишете ги лицевите експресии, претставени на илустрацијата, со зборови познати на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка (девојчето е тажно, исплашено, изгледа лута, загрижена, замислена и сл.). Заедно со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка застанете пред огледало и обидете се да ги демонстрирате експресиите прикажани на илустрацијата. Покажете и на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка како изгледа Вашето лице кога се чувствувате непријатно/неубаво. Потоа побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да покаже како изгледа нејзиното лице кога таа се чувствува непријатно/неубаво. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.
Кога ми е непријатно значи дека не ми е убаво.
И на моето лице се гледа дека ми е непријатно.
Objective
Knowledge
Тематска област
Врски
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-03/1_5.jpg