Опишете ја лицевата експресија, претставена на илустрацијата, со зборови кои и се познати на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка (нешто ја стега, не се смее, не и е убаво и сл.). Дополнително опишете ја и поставеноста на телото (згрчена, стегнат стомак и сл.). Исто така можете да наведете и други ситуации во кои нешто друго ја стега Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка (капа, маица, чорапи, гаќи, ракавици и сл.). Покажете и на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка како изгледа Вашето лице кога Вас нешто Ве стега. Потоа побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да покаже како изгледа нејзиното лице кога неа нешто ја стега. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.
Не ми е убаво кога панталоните ме стегаат.
Кога панталоните ме стегаат мене ми е непријатно.
И на моето лице се гледа дека ми е непријатно.
Objective
Knowledge
Тематска област
Врски
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-03/4_5.jpg