Ниво 1

6. ДЕЛОВИ НА ТЕЛО

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Откако текстот е прочитан посочете ја устата на Вашето дете/ученик/роднина/корисник „Ова е твојата уста.“, а потоа и Вашата уста „Ова е мојата уста.“ Активноста изведувајте ја пред огледало. Согласно неговите можности, можете да разговарате дека сите луѓе имаат различна уста по облик и големина. Следствено можете да посочите каква е вашата уста и каква е неговата уста. Исто така, можете да наброите личности кои тој може да ги бакне и да наброите и други активности кои може да се изведуваат со устата, што нему му се повеќе познати. Доколку детето/лицето не го користи поимот „бакне“ истиот заменете го со поим кој нему му е познат и го употребува (баци,цуне, цалне и сл.)

5. ДЕЛОВИ НА ТЕЛО

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Откако текстот е прочитан посочете го носот на Вашето дете/ученик/роднина/корисник „Ова е твојот нос.“, а потоа и Вашиот нос „Ова е мојот нос.“ Активноста изведувајте ја пред огледало. Согласно неговите можности, можете да разговарате дека луѓето имаат различна големина и облик на носот. Следствено можете да посочите каков е вашиот нос и неговиот нос. Исто така, дополнително можете да наброите видови на храна, предмети, растенија што нему му се познати, во однос на пријатна и непријатна миризба (убава и неубава). Наведете дека со носот може да ги мириса и луѓето.

4. ДЕЛОВИ НА ТЕЛО

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Откако текстот е прочитан посочете ги очите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник „Ова се твоите очи.“, а потоа и Вашите очи „Ова се моите очи.“ Активноста изведувајте ја пред огледало. Согласно неговите можности, можете да разговарате дека има различни бои на очи, кафени, црни, сини, зелени итн. Следствено можете да посочите какви се вашите очи и неговите очи. Исто така, дополнително можете да наброите и други активности кои може да се изведуваат со очите и што нему му се познати.

3. ДЕЛОВИ НА ТЕЛО

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Откако текстот е прочитан посочете ја косата на Вашето дете/ученик/роднина/корисник „Ова е твојата коса.“, а потоа и Вашата коса „Ова е мојата коса.“ Активноста изведувајте ја пред огледало. Согласно неговите можности, можете да разговарате дека има различни форми и бои на коса (долга, кратка, црна, кафена, црвена и др.) Следствено можете да посочите каква е вашата и неговата коса.

2. ДЕЛОВИ НА ТЕЛО

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Откако текстот е прочитан посочете ја главата на Вашето дете/ученик/роднина/корисник „Ова е твојата глава.“, а потоа и Вашата глава „Ова е мојата глава.“ Активноста изведувајте ја пред огледало. Согласно неговите можности, дополнително можете да наброите и други активности кои може да се изведуваат со главата што нему му се познати.

1. ДЕЛОВИ НА ТЕЛО

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
При набројување на членовите на семејството или најблиското опкружување, при објаснување дека сите луѓе имаат тело, вклучете членовите кои се дел од семејството или најблиското опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник, кои не се наброени. За децата/лицата кои живеат во мали групни домови набројте ги луѓето кои се во нивно најблиско опкружување, односно вработените во домот. Доколку детето/лицето не ги користи термините жена/маж при обраќање на вработените, истите заменете ги со термини кои нему му се познати и ги употребува (тетка, чичко, личните имиња и сл.) Застанете заедно со него пред огледало и именувајте дека тоа што го гледа во огледало е неговото тело.

7. Делови на тело

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Откако текстот е прочитан посочете ги ушите на Вашaта ќерка/ученичка/роднина/корисничка „Ова се твоите уши.“, а потоа и Вашите уши „Ова се моите уши.“ Активноста изведувајте ја пред огледало. Согласно нејзините можности, можете да разговарате дека луѓето имаат различни уши по облик и големина. Следствено можете да посочите какви се Вашите уши и какви се нејзините уши. Исто така, дополнително можете да наброите и други звуци што нејзе и се познати.

6. Делови на тело

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Откако текстот е прочитан посочете ја устата на Вашaта ќерка/ученичка/роднина/корисничка „Ова е твојата уста.“, а потоа и Вашата уста „Ова е мојата уста.“ Активноста изведувајте ја пред огледало. Согласно нејзините можности, можете да разговарате дека сите луѓе имаат различна уста по облик и големина. Следствено можете да посочите каква е вашата уста и каква е нејзината уста. Исто така, можете да наброите личности кои таа може да ги бакне и да наброите и други активности кои може да се изведуваат со устата, што нејзе и се повеќе познати. Доколку детето/лицето не го користи поимот „бакне“ истиот заменете го со поим кој нејзе и е познат и го употребува (баци,цуне, цалне и сл.)

5. Делови на тело

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Откако текстот е прочитан посочете го носот на Вашaта ќерка/ученичка/роднина/корисничка „Ова е твојот нос.“, а потоа и Вашиот нос „Ова е мојот нос.“ Активноста изведувајте ја пред огледало. Согласно нејзините можности, можете да разговарате дека луѓето имаат различна големина и облик на носот. Следствено можете да посочите каков е вашиот нос и нејзиниот нос. Исто така, дополнително можете да наброите видови на храна, предмети, растенија што нејзе и се познати, во однос на пријатна и непријатна миризба (убава и неубава). Наведете дека со носот може да ги мириса и луѓето.

4. Делови на тело

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Откако текстот е прочитан посочете ги очите на Вашaта ќерка/ученичка/роднина/корисничка „Ова се твоите очи.“, а потоа и Вашите очи „Ова се моите очи.“ Активноста изведувајте ја пред огледало. Согласно нејзините можности, можете да разговарате дека има различни бои на очи, кафени, црни, сини, зелени итн. Следствено можете да посочите какви се вашите очи и нејзините очи. Исто така, дополнително можете да наброите и други активности кои може да се изведуваат со очите и што нејзе и се познати.