Ниво 1

3. Делови на тело

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Откако текстот е прочитан посочете ја косата на Вашaта ќерка/ученичка/роднина/корисничка „Ова е твојата коса.“, а потоа и Вашата коса „Ова е мојата коса.“ Активноста изведувајте ја пред огледало. Согласно нејзините можности, можете да разговарате дека има различни форми и бои на коса (долга, кратка, црна, кафена, црвена и др.). Следствено можете да посочите каква е вашата и каква е нејзината коса.

2. Делови на тело

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Откако текстот е прочитан посочете ја главата на Вашaта ќерка/ученичка/роднина/корисничка „Ова е твојата глава.“, а потоа и Вашата глава „Ова е мојата глава.“ Активноста изведувајте ја пред огледало. Согласно нејзините можности, дополнително можете да наброите и други активности кои може да се изведуваат со главата што нејзе и се познати.

1. Делови на тело

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
При набројување на членовите на семејството или најблиското опкружување, при објаснување дека сите луѓе имаат тело, вклучете членовите кои се дел од семејството или најблиското опкружување на Вашaта ќерка/ученичка/роднина/корисничка, кои не се наброени. За децата/лицата кои живеат во мали групни домови набројте ги луѓето кои се во нивно најблиско опкружување, односно вработените во домот. Доколку детето/лицето не ги користи термините жена/маж при обраќање на вработените, истите заменете ги со термини кои нејзе и се познати и ги употребува (тетка, чичко, личните имиња и сл.) Застанете заедно со нејзе пред огледало и именувајте дека тоа што го гледа во огледало е нејзиното тело.

Делови на тело

Submitted by tstankova on
Image tooltip text
При набројување на членовите на семејството или најблиското опкружување, при објаснување дека сите луѓе имаат тело, вклучете членовите кои се дел од семејството или најблиското опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник, кои не се наброени. За децата/лицата кои живеат во мали групни домови набројте ги луѓето кои се во нивно најблиско опкружување, односно вработените во домот. Доколку детето/лицето не ги користи термините жена/маж при обраќање на вработените, истите заменете ги со термини кои нему му се познати и ги употребува (тетка, чичко, личните имиња и сл.) Застанете заедно со него пред огледало и именувајте дека тоа што го гледа во огледало е неговото тело.