Ниво 1

2. МАСТУРБАЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Важно е Вашето дете/ученик/роднина/корисник да добие информација дека мастурбацијата е појава која се среќава и кај машките и кај женските, односно дека и машките и женските мастурбираат. Бидејќи во оваа приказна се објаснува мастурбација која се јавува пред или во текот на пубертетот нагласете дека мастурбацијата се јавува кај момчињата и мажите и девојките и жените. На овој начин се исклучуваат децата на годишна возраст помала од 9-8 години. Бидејќи тие не применуваат ваков тип на мастурбација. Доколку е присутна мастурбација на таа годишна возраст или помала, тогаш тоа не е мастурбација предизвикана од хормоналните промени, туку допирање на пенисот или вагината со цел запознавањето на телото и неговата функција, како и доживување на чувството на релаксација и намалување на анксиозност/тензија. Акцентот треба да се стави на разликите меѓу машка и женска мастурбација, односно дека машките го допираат својот пенис, а женските ја допираат својата вагина.

1. МАСТУРБАЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Поимот мастурбација е тежок за изговарање. Поради тоа не настојувајте Вашето дете/ученик/роднина/корисник точно да го изговори. Важно е да го препознае значењето на зборот, односно дека поимот мастурбација значи допирање и триење на пенисот кај машките. Нагласете дека мастурбирањето е нормална, природна појава, работа и дека тоа го практикуваат многу луѓе.

11. ВЛАЖЕН СОН

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку има и други личности од семејството или блиското опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник од кои може да побара или да очекува помош наведете ги и нив.

10. ВЛАЖЕН СОН

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека и Вашето дете/ученик/роднина/корисник може да има мокар/влажен сон. На овој начин Вашето дете/ученик/роднина/корисник се запознава со промената која може да се случи и се намалува можноста за несакано изненадување. Согласно можностите и способностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник наведете дека ерекцијата и мокриот/влажен сон не може да се контролираат и дека тоа им се случува на многу момчиња.

9. ВЛАЖЕН СОН

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете дека покрај гаќите и пижамите, доколку чаршавот е мокар потребно е истиот да се смени. Согласно можностите и способностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник посочете која личност може да му помогне при менување на чаршавот. Доколку за Вашето дете/ученик/роднина/корисник менувањето на чаршавот претставува предизвик важно е тој да присуствува за да гледа или да помага на личноста која го прави тоа. Важно е да го запомни редоследот на активностите кои треба да се направат: мокар чаршав, следува менување на чаршав.

7. ВЛАЖЕН СОН

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Понудени се две опции за отстранување на искористената хартија или марамче. Согласно правилата кои се почитуваат во домот на Вашето дете/ученик/роднина/корисник посочете која опција е посоодветна, доколку двете заедно не се опција.

6. ВЛАЖЕН СОН

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
На пенисот речиси секогаш остануваат траги од спермата. Затоа е важно да нагласите дека е потребно пенисот да се избрише или измие. Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник не ги користи поимите „тоалетна хартија“ или „влажно марамче“ истите заменете ги со поими кои нему му се познати ( хартија, тоалет, влажна марамица и сл.).

5. ВЛАЖЕН СОН

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник во домот користи друго место за складирање на валканата облека наведете го тоа место (машината за перење на облека и сл.). Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник не го користи поимот „валкана облека“, истиот заменете го со поим кој нему му е познат ( нечисти алишта и сл.).

4. ВЛАЖЕН СОН

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Наведе дека е важно да се одржува интимна хигиена, односно дека е потребно да се сменат гаќите и пижамите, без да се крие појавата.