Ниво 1

12. МАСТУРБАЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Освен што Вашето дете/ученик/роднина/корисник треба да знае во која просторија тој може да мастурбира, исто така е важно да ги знае условите под кои може да мастурбира. Односно да биде сам во просторијата. Исто така важно е да знае дека вратата од просторијата, секогаш за време на мастурбација, треба да биде затворена.

11. МАСТУРБАЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Мастурбацијата не смее да се забранува или да се опишува како срамен начин на однесување. Потребно е да се ограничат просториите/просторијата во која мастурбацијата може да се изведува. Важно е Вашето дете/ученик/роднина/корисник да знае дека одредената просторија, во која тој може/смее да мастурбира, претставува безбедно место каде нема да биде прекинуван и прекоруван поради мастурбирањето.

10. МАСТУРБАЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите и способностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник набројте за што се користи конкретниот простор/место (купување на разни производи) и дека тој простор/место може да го користат сите луѓе. Поради што мастурбирањето на тој простор/место не е дозволено, односно е забрането.

9. МАСТУРБАЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите и способностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник набројте за што се користи конкретниот простор/место (шетање, играње, одмарање, вежбање, дружење со пријатели и сл.) и дека тој простор/место може да го користат сите луѓе. Поради што мастурбирањето на тој простор/место не е дозволено, односно е забрането.

8. МАСТУРБАЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите и способностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник набројте за што се користи конкретниот простор/место (шетање, одење до некое место, патување и сл.) и дека тој простор/место може да го користат сите луѓе. Поради што мастурбирањето на тој простор/место не е дозволено, односно е забрането.

7. МАСТУРБАЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите и способностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник набројте за што се користи конкретната просторија (учење, пишување, читање, дружење со другарите, трчање, играње и сл.) и дека во таа просторија може да влезат ученици, наставници и многу други луѓе. Поради што мастурбирањето во таа просторија не е дозволено, односно е забрането.

6. МАСТУРБАЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите и способностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник набројте за што се користи конкретната просторија (гледање ТВ, одмарање, дружење со гости и сл.) и дека во таа просторија може да влезат луѓе од семејството или блиското опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник. Поради што мастурбирањето во таа просторија не е дозволено, односно е забрането.

5. МАСТУРБАЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите и способностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник набројте за што се користи конкретната просторија (готвење, јадење и сл.) и дека во таа просторија може да влезат луѓе од семејството или блиското опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник. Поради што мастурбирањето во таа просторија не е дозволено, односно е забрането.

4. МАСТУРБАЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете ја приватноста, како нераздвоен дел од мастурбацијата, односно дека таа активност се практикува само кога Вашето дете/ученик/роднина/корисник е сам во приватна просторија (WC) со затворена врата.

3. МАСТУРБАЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Важно е Вашето дете/ученик/роднина/корисник да добие информација дека мастурбацијата е појава која се среќава и кај машките и кај женските, односно дека и машките и женските мастурбираат. Бидејќи во оваа приказна се објаснува мастурбација која се јавува пред или во текот на пубертетот нагласете дека мастурбацијата се јавува кај момчињата и мажите и девојките и жените. На овој начин се исклучуваат децата на годишна возраст помала од 9-8 години. Бидејќи тие не применуваат ваков тип на мастурбација. Доколку е присутна мастурбација на таа годишна возраст или помала, тогаш тоа не е мастурбација предизвикана од хормоналните промени, туку допирање на пенисот или вагината со цел запознавањето на телото и неговата функција, како и доживување на чувството на релаксација и намалување на анксиозност/тензија. Акцентот треба да се стави на разликите меѓу машка и женска мастурбација, односно дека машките го допираат својот пенис, а женските ја допираат својата вагина.