Ниво 1

3. ВЛАЖЕН СОН

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Посочете дека гаќите и пижамите може да бидат мокри и од спермата, не само од урината/мочката (доколку на Вашето дете/ученик/роднина/корисник мокри за време на спиење). Важно е да се нагласи дека дамката на гаќите и пижамите не е од мочка/урина. Дополнително наведете дека многу момчиња имаат мокар/влажен сон. Можете да посочите личности од семејството или блиското опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник кои имаат или имале мокар/влажен сон за време на пубертет.

2. ВЛАЖЕН СОН

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите и способностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник наведете дека од пенисот излегуваат две течности урина/мочка и сперма. Посочете дека спермата почнува да излегува кај момчиња кога нивното тело почнува да се менува, односно кога почнува нивниот пубертет.

1. ВЛАЖЕН СОН

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
На илустрацијата посочете го пределот на пенисот за да Вашето дете/ученик/роднина/корисник ја воочи промената, односно ерекцијата.

32. ЈАС РАСТАМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете и други личности од машки пол на таа возраст од семејството или блиското опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник. Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник се уште не го поминал тој развоен период, односно е помлад, посочете или покажете слика од негова блиска машка личност, постара од него (татко, брат, родина, другар и сл.) која е во наведениот развоен период. Наведете дека и тој ќе биде дедо, како лицето кое го посочивте како пример.

30. ЈАС РАСТАМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете и други личности од машки пол на таа возраст од семејството или блиското опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник. Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник се уште не го поминал тој развоен период, односно е помлад, посочете или покажете слика од негова блиска машка личност, постара од него (татко, брат, родина, другар и сл.) која е во наведениот развоен период. Наведете дека и тој ќе биде маж, како лицето кое го посочивте како пример.

29. ЈАС РАСТАМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите и способностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник нагласете дека допирањето на пенисот е во ред само кога тој е во својата соба/спалната соба или WC со затворена врата. Посочете дека многу момчиња и мажи го допираат својот пенис, односно мастурбираат.

28. ЈАС РАСТАМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник има другарка со која сака повеќе да се дружи или едноставно зборува повеќе за неа посочете ја таа другарка како пример.

27. ЈАС РАСТАМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Направете споредба меѓу гласот на Вашето дете/ученик/роднина/корисник и гласот на возрасна машка личност од семејството или блиското опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник. Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник го поминал тој развоен период, односно веќе има променет глас, направете споредба со неговиот глас и глас на дете од семејството или блиското опкружување. На овој начин ќе Вашето дете/ученик/роднина/корисник ќе ја воочи промената на сопствениот глас.