При објаснување дека сите луѓе се бањаат можете да ги наведете членовите на семејството или луѓето од блиското опкружување на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка, кои не се наброени во текстот.
Одржувањето на хигиена после секоја мастурбација претставува важен дел од целиот процес. Нагласете дека спермата излезена од пенисот треба да се избрише со тоалетна хартија или влажно марамче, бидејќи во спротивно истата ќе лепи на неговите раце и пенисот.
Важно е да се наведат сензациите, движењата кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник ги чувствува кон крајот на мастурбирањето. На тој начин тој може да препознае дека после тие сензации, движења во пенисот и стомакот треба да очекува спермата да излезе од пенисот.
Согласно можностите и способностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник интензитетот на стискање поврзете го со пријатно, убаво чувство, без присуство на болка. Важно е да се нагласи дека пенисот не треба да го боли Вашето дете/ученик/роднина/корисник за време на мастурбирањето.
Во текот на мастурбацијата пенисот ја менува својата големина и тврдина, поради тоа е важно да се нагласи таа промена, односно дека истата треба да ја очекува Вашето дете/ученик/роднина/корисник.
Важно е да се објасни начинот на правилно, односно безбедно мастурбирање, за да се намали можност да дојде до повреди на пенисот од пресилно стискање и сл.
Одржувањето на лична хигиена пред секоја мастурбација претставува важен дел од целиот процес. Нагласете дека рацете треба да се измијат, бидејќи во спротивно нечистотијата, бактериите, прашината од рацете може да се пренесе на пенисот.