Кога се поставуваат граници и се посочува што не смее да се прави, задолжително се нудат опции што смее да се прави, односно во оваа ситуација кои допири се дозволени. Доколку има и друг начин на допирање, кој според Вас е соодветен, а истиот не е наведен посочете го и него. Опишете ја лицевата експресија на познаниците (насмеан, расположен и сл.) и положбата на телото (стои блиску до детето, дозволува да го гушне, бакне и држи за рака).
Важно е јасно да се постават границите за дозволен и недозволен допир. Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник одредете дали е соодветно да се користи терминот приватни делови или засебно именување на истите (пенис, тестиси, гради, вагина и задник). Нагласете ја лицевата експресија на познаниците (изненаден, збунет, лут и сл.) и телото (наведнат кон назад, се обидува да се тргне, со рака се обидува да го спречи допирот и сл.).
Под терминот познаници наведете и други личности, со кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник стапува во комуникација (роднини на другари, тренери и сл.). Доколку комшиката или продавачот се блиски личности на Вашето дете/ученик/роднина/корисник наведете други личности за познаници.
Кога се поставуваат граници и се посочува што не смее да се прави, задолжително се нудат опции што смее да се прави, односно во оваа ситуација кои допири се дозволени. Доколку има и друг начин на допирање, кој според Вас е соодветен, а истиот не е наведен посочете го и него. Опишете ја лицевата експресија на наставникот, колегата (насмеан, расположен и сл.) и положбата на телото (стои блиску до детето, дозволува да го гушне, бакне и држи за рака).
Важно е јасно да се постават границите за дозволен и недозволен допир. Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник одредете дали е соодветно да се користи терминот приватни делови или засебно именување на истите (пенис, тестиси, гради, вагина и задник). Нагласете ја лицевата експресија на наставникот, колегата (изненаден, збунет, лут и сл.) и телото (наведнат кон назад, се обидува да се тргне, со рака се обидува да го спречи допирот и сл.).
Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник оди во училиште, ликовите претставени на илустрацијата иенувајте ги како наставници (наставник и наставничка). Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник посетува дневен центар, тогаш ликовите од илустрацијата именувајте ги како професионалците во дневниот центар. Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник е варботен, тогаш ликовите од илустрацијата именувајте ги како колеги (колега или колешка) од работното место.
Кога се поставуваат граници и се посочува што не смее да се прави, задолжително се нудат опции што смее да се прави, односно во оваа ситуација кои допири се дозволени. Доколку има и друг начин на допирање, кој според Вас е соодветен, а истиот не е наведен посочете го и него. Опишете ја лицевата експресија на другарите и другарките (насмеан, расположен и сл.) и положбата на телото (стои блиску до детето, дозволува да го гушне, бакне и држи за рака).
Важно е јасно да се постават границите за дозволен и недозволен допир. Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник одредете дали е соодветно да се користи терминот приватни делови или засебно именување на истите (пенис, тестиси, гради, вагина и задник). Нагласете ја лицевата експресија на другарите и другарките (изненаден, збунет, лут и сл.) и телото (наведнат кон назад, се обидува да се тргне, со рака се обидува да го спречи допирот и сл.).
Ликовите на илустрацијата именувајте ги согласно другарите и другарките кои се присутни во опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник (имиња на другарките и другарите од училиште, домот, работа или од друго место).