Важно е јасно да се постават границите за дозволен и недозволен допир. Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник одредете дали е соодветно да се користи терминот приватни делови или засебно именување на истите (пенис, тестиси, гради, вагина и задник). Нагласете ја лицевата експресија на познаниците (изненаден, збунет, лут и сл.) и телото (наведнат кон назад, се обидува да се тргне, со рака се обидува да го спречи допирот и сл.).
Ако ги допрам познаниците на нивните приватни делови тие ќе бидат лути.
Тие нема да сакаат да ме допрат мене.
Тоа значи дека мојот допир им е непријатен.
Objective
Knowledge
Тематска област
Врски
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-02/19_0.jpg