Ниво 1

8. Женски репродуктивни органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Имајќи предвид дека поимот јајчници е тежок за изговарање, не настојувајте премногу Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка точно да ги изговори истите. Важно е да ги препознае на илустрацијата.

5. ПРЕД ДА ДОПРАМ ПРАШУВАМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Дополнете дека секој има право да каже не на допир. Споредете му на Вашето дете/ученик/роднина/корисник дека како тој што не сака некогаш да го допираат, така и другите луѓе некогаш не сакаат да бидат допирани. Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник набројте неколку можни причини зошто допирот во тој момент може да биде непосакуван од соговорникот (не е расположен, тажен е, не сака да го гушкаат и сл.).

3. ПРЕД ДА ДОПРАМ ПРАШУВАМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека е во ред да се праша за дозвола, пред да се гушне некој, бидејќи само така Вашето дете/ученик/роднина/корисник може да знае дали може да допре некој или не. Оваа ситуација можете да ја вежбате со Вашето дете/ученик/роднина/корисник преку игра на улоги, каде практично ќе ја претставите ситуацијата и прашањето кое треба да се постави.

2. ПРЕД ДА ДОПРАМ ПРАШУВАМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете ја лицевата ескпресија на соговорникот на Вашето дете/ученик/роднина/корисник (збунет, изненаден, лут и сл.) и положбата на телото (наведната кон назад, се обидува да се тргне, со рака се обидува да го спречи допирот и сл.). Посочете дека тоа е знак дека тој допир е непријатен за соговорникот и дека не сака да биде допрен (гушнат, бакнат и сл.).

7. Женски репродуктивни органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Помогнете и на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да ја препознае главата од бик на илустрацијата. На тој начин полесно ќе направи асоцијација за формата на женските репродуктивни органи и полесно ќе ги меморира.

1. ПРЕД ДА ДОПРАМ ПРАШУВАМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Набројте и други места каде Вашето дете/ученик/роднина/корисник оди често, за да може да се поистовети претставената ситуација (на пример: базен, трговски центри, кафич, ресторан и сл.).

6. Женски репродуктивни органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку изговарањето на машките репродуктивни органи (пенис, тестиси, семевод и уретра) претставува тешкотија за Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка истите именувајте ги само како машки органи. Важно е претставената илустрација да ја именува како машки репродуктивни органи или машки органи и да ја знае нивната местоположба во долниот дел на стомакот на машкото.

5. Женски репродуктивни органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете и друга личност од семејството или блиското опкружување на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка со машки репродуктивни органи. Важно е да се потенцира дека машките репродуктивни органи се наоѓаат внатре во стомакот на машкото, не женското. На овој начин се исклучува можноста Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да научи дека една личност има и машки и женски репродуктивни органи.

4. Женски репродуктивни органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете и друга личност од семејството или блиското опкружување на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка со женски репродуктивни органи. Доколку изговарањето на поимот репродуктивни органи претставува тешкотија за Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка истите именувајте ги само како женски органи.