Image tooltip text
Една од целите на приказната е јасно да се ограничат просториите/местата во кои мастурбацијата е дозволена, а во кои е забранета. Согласно потребите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка на вратите од просториите во нејзиниот дом може да се постават знаци кои визуелно ќе објаснат дали мастурбацијата е дозволена во конкретната просторија или не (црвен икс или зелена штикла, насмеано лице и сериозно лице и сл.). Ваков начин на визуелно обележување може да се применува се додека Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка не ги научи правилата во однос на мастурбирањето.