Ниво 1

7. Што е пријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија на девојката претставена на илустрацијата. Побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да каже како таа се чувствува кога гледа ТВ, односно нејзината омилена емисија, цртан филм, филм, фестивал и сл. и воедно да покаже каков израз на лицето има (како и изгледа лицето) кога гледа ТВ. Предложените активности изведувајте ги пред огледало. Доколку сте во можност искористете природна ситуација кога опишаната активност Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ја практикува спонтано за да дискутирате како таа се чувствува.

6. Што е пријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија на девојката претставена на илустрацијата. Побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да каже како таа се чувствува кога скока на топка или кога изведува некоја нејзина омилена физичка активност дома (скока, лази, игра, врти) во игротека (качување, лулање, скокање на трамбулина, протнува низ тунел) игралиште (лизгање, лулање, трчање, скокање,вртење) спорт (плива на базен, танцува во танцов клуб и др.) и воедно да покаже каков израз на лицето има (како и изгледа лицето) кога ја изведува таа физичка активност. Предложените активности изведувајте ги пред огледало. Доколку сте во можност искористете природна ситуација кога опишаната активност Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ја практикува спонтано за да дискутирате како таа се чувствува.

5. Што е пријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија на девојчето претставена на илустрацијата. Побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да каже како таа се чувствува кога со нејзините родители се шета или со некоја друга блиска личност и воедно да покаже каков израз на лицето има (како и изгледа лицето) кога со тие личности шета на различни места (парк, планина, кеј, плоштад и други места на кои Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка сака да се шета). Предложените активности изведувајте ги пред огледало. Доколку сте во можност искористете природна ситуација кога опишаната активност Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ја практикува спонтано за да дискутирате како таа се чувствува.

4. Што е пријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија на девојчето претставена на илустрацијата. Побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да каже како таа се чувствува кога нејзините родители ја гушкаат, или некоја друга блиска личност и воедно да покаже каков израз на лицето има (како и изгледа лицето) кога тие личности ја гушкаат. Во согласност со можностите и способностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка можете и да ги дискутирате ситуациите во кои родителите ја гушкаат (Кога те гушкаат мама/тато? Дали ти е убаво/пријатно тогаш? и сл.). Предложените активности изведувајте ги пред огледало. Доколку сте во можност искористете природна ситуација кога опишаната активност Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ја практикува спонтано за да дискутирате како таа се чувствува.

3. Што е пријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија претставена на илустрацијата. Побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да каже како таа се чувствува додека игра на мобилен или таблет и да покаже каков израз на лицето има (како и изгледа лицето) додека игра на мобилен или таблет. Предложените активности изведувајте ги пред огледало. Доколку сте во можност искористете природна ситуација кога опишаната активност се случува спонтано за да дискутирате со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка како таа се чувствува.

2. Што е пријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Заедно со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка дискутирајте кога нејзините пазуви мирисаат убаво (после бањање, ставање на дезодоранс (доколку користи, во зависност од возраста). Опишете ја лицевата експресија претставена на илустрацијата. Заедно со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка застанете пред огледало. Вие помирисајте ги Вашите пазувите и опишете ја Вашата лицева ескпресија. Потоа побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да ги помириса своите пазуви и да го опише изгледот на своето лице. Доколку сте во можност искористете природна ситуација кога опишаната активност Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ја практикува спонтано за да дискутирате како таа се чувствува.

1. Што е пријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Поврзете го поимот убаво со пријатно. Дополнете дека пријатно значи убаво и обратно. Опишете ги лицевите експресии, претставени на илустрацијата, со зборови познати на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка (девојката е весела, среќна, задоволна,мирна, се смее и сл.). Заедно со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка застанете пред огледало и обидете се да ги демонстрирате експресиите прикажани на илустрацијата. Покажете и на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка како изгледа Вашето лице кога се чувствувате пријатно/убаво. Потоа побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да покаже како изгледа нејзиното лице кога таа се чувствува пријатно/убаво. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.

26. Менување влошка

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку постојат и други личности со кои Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка може да зборува за менување на влошка и може да побара помош од нив (член на семејство, роднина, блиско опкружување) наведете ги и нив. Важно е сепак да се ограничи кругот со кои луѓе може да зборува на конкретната тема и од кои може да побара помош при менување на влошка. Охрабрете ја Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка на почетокот на првите менструални периоди да носи потемна облека, на која нема да биде видлива дамка од крв, доколку се случи изместување на влошката или протекување на крв на облеката. На овој начин се намалува можноста од непријатни ситуации во јавноста (училиште, надвор од домот и др.).

25. Менување влошка

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Од големо значење е да се потенцира одржувањето на лична хигиена за време на менструален циклус. На тој начин се намалува можноста за создавање на промени на кожата во пределот на вагината и задникот, како резултат на несоодветна хигиена. Исто така отстранувањето на непријатната миризба, создадена од крвта и носењето на влошката е важно особено кај лицата кои имаат поголема осетливост на мириси.

24. Менување влошка

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
За полесно визуелизирање на времето кога треба влошката да се промени, може да користите лепенки (смајли, црвена картија, нацртана влошка и сл.) со кои ќе го обележите часот кога Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка треба да ја смени влошката, односно да ја одлепи влошката со крв и да стави нова чиста влошка на гаќите. Исто така можете да користите тајмер/аларм кој аудитивно ќе потсети дека е време за промена на влошка.