Машко

1. ШТО РАБОТАТ РЕПРОДУКТИВНИТЕ ОРГАНИ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Во рамки на семејството или блиското опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник посочете кои лица се машки (татко, брат, чичко, дедо, братучед и др.).

10. МАШКИ РЕПРОДУКТИВНИ ОРГАНИ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека Вашето дете/ученик/роднина/корисник е машко и посочете ги машките репродуктивни органи на илустрацијата. Дополнително можете повторно да наведете и други машки личности од семејството или блиското опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник.

9. МАШКИ РЕПРОДУКТИВНИ ОРГАНИ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека машките имаат машки репродуктивни органи или само машки органи, а женските имаат женски репродуктивни органи или само женски органи. Согласно можностите и способностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник набројте ги и машките (пенис, тестиси, семевод и уретра) и женските репродуктивни органи (вагина, матка, јајцеводи и јајчници). Доколку изговарањето претставува тешкотија, тогаш само како машки или женски репродуктивни органи посочете ги на илустрацијата.

8. МАШКИ РЕПРОДУКТИВНИ ОРГАНИ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите и способностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник можете да дополните дека девојката или жената која има бебе во стомакот/матката се вели дека е трудна или бремена. Доколку има трудна/бремена жена во семејството или блиското опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник посочете ја неа како пример.

7. МАШКИ РЕПРОДУКТИВНИ ОРГАНИ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Поимите јајчници, јајцеводи се тешки за изговарање, затоа не настојувајте премногу Вашето дете/ученик/роднина/корисник да ги изговори точно. Важно е истите да ги препознае на илустрацијата и да знае да ги именува како женски репродуктивни органи или само женски органи и да знае дека се наоѓаат внатре во стомакот на секое женско, поради што и не може да ги види.

6. МАШКИ РЕПРОДУКТИВНИ ОРГАНИ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете и друга личност од семејството или блиското опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник со женски репродуктивни органи. Доколку изговарањето на поимот репродуктивни органи претставува тешкотија за Вашето дете/ученик/роднина/корисник истите именувајте ги само како женски органи. Важно е да се потенцира дека женските репродуктивни органи се наоѓаат внатре во стомакот на женското, не машкото. На овој начин се исклучува можноста Вашето дете/ученик/роднина/корисник да научи дека една личност има и машки и женски репродуктивни органи.

5. МАШКИ РЕПРОДУКТИВНИ ОРГАНИ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете и друга личност од семејството или блиското опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник со машки репродуктивни органи. Доколку изговарањето на поимите репродуктивни органи, семевод и уретра, претставуваат тешкотија за Вашето дете/ученик/роднина/корисник истите именувајте ги само како машки органи или машки делови.

4. МАШКИ РЕПРОДУКТИВНИ ОРГАНИ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Посочете дека има неколку репродуктивни органи кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник не може да ги види, токму поради тоа што се сместени во стомакот. Застанете пред огледало и на телото на Вашето дете/ученик/роднина/корисник посочете го долниот дел од стомакот во кој се сместени останатите репродуктивни органи кои не може да ги види семевод и уретра.

2. МАШКИ РЕПРОДУКТИВНИ ОРГАНИ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека машките имаат машки репродуктивни органи, меѓу кои најпознати и најлесни за помнење се пенисот и тестисите. Потсетете го Вашето дете/ученик/роднина/корисник дека овие делови (пенисот и тестисите) се викаа и приватни делови на телото. Надоврзете дека истите тие приватни делови служат за создавање на бебе, поради што имаат и друго име - репродуктивни органи. Доколку изговарањето на поимот репродуктивни органи претставува тешкотија за Вашето дете/ученик/роднина/корисник истите именувајте ги само како машки органи/машки делови/делови за создавање на бебе.