Машко

1. МАШКИ РЕПРОДУКТИВНИ ОРГАНИ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Во рамки на семејството или блиското опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник посочете кои лица се машки (татко, брат, чичко, дедо, братучед и др.), а кои женски (мајка, сестра, тетка, баба, братучетка и др.).

26. МАСТУРБАЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Важно е да се ограничи кругот на луѓе со кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник може да зборува за мастурбација. Поради здравствени причини исто така е важно Вашето дете/ученик/роднина/корисник да знае дека е дозволено тој да зборува за мастурбација и за промените на неговиот пенис со доктор или докторка. Само тогаш тие ќе може да му помогнат.

25. МАСТУРБАЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Важно е да се ограничи кругот на луѓе со кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник може да зборува за мастурбација. Доколку во семејството или блиското опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник има и други личности со кои тој може да разговара на таа тема наведете ги и нив.

24. МАСТУРБАЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Една од целите на приказната е јасно да се ограничат просториите/местата во кои мастурбацијата е дозволена, а во кои е забранета. Согласно потребите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник на вратите од просториите во неговиот дом може да се постават знаци кои визуелно ќе објаснат дали мастурбацијата е дозволена во конкретната просторија или не (црвен икс или зелена штикла, насмеано лице и сериозно лице и сл.). Ваков начин на визуелно обележување може да се применува се додека Вашето дете/ученик/роднина/корисник не ги научи правилата во однос на мастурбирањето.

23. МАСТУРБАЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Одржувањето на лична хигиена после секоја мастурбација претставува важен дел од целиот процес. Нагласете дека остатоците од спермата на рацете треба да се измијат, бидејќи во спротивно спермата ќе лепи на неговите раце.

21. МАСТУРБАЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Соодветното отстранување на искористената хартија или влажно марамче исто така е важно за намалување на можноста Вашето дете/ученик/роднина/корисник да привлече внимание од останатите членови на семејството и да се претпостави што тој правел. Тука се нагласува значењето на приватноста, односно дека другите луѓе не треба да знаат кога тој мастурбира.

20. МАСТУРБАЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Одржувањето на хигиена после секоја мастурбација претставува важен дел од целиот процес. Нагласете дека спермата излезена од пенисот треба да се избрише со тоалетна хартија или влажно марамче, бидејќи во спротивно истата ќе лепи на неговите раце и пенисот.

19. МАСТУРБАЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Важно е да се наведат сензациите, движењата кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник ги чувствува кон крајот на мастурбирањето. На тој начин тој може да препознае дека после тие сензации, движења во пенисот и стомакот треба да очекува спермата да излезе од пенисот.

18. МАСТУРБАЦИЈА

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите и способностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник интензитетот на стискање поврзете го со пријатно, убаво чувство, без присуство на болка. Важно е да се нагласи дека пенисот не треба да го боли Вашето дете/ученик/роднина/корисник за време на мастурбирањето.