12 - 18

22. СТАВАЊЕ КОНДОМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку во блиското опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник има и други лица со кои тој може да разговара на конкретната тема, тогаш наведете ги и нив (брат, сестра, роднина, другар и сл.).

21. СТАВАЊЕ КОНДОМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете ги претставените локации на илустрацијата во блиското опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник, како блиска аптека, продавница или бензинска пупма од која може да се купат кондоми. На овој начин му посочувате примери на Вашето дете/ученик/роднина/корисник од конкретни места од кои може да се купат кондоми. Доколку сте во можност можете заедно со Вашето дете/ученик/роднина/корисник да појдете во блиската продавница, аптека или бензинска пупма за да му покажете во кој дел од продавницата, аптеката или бензинската пупма се наоѓаат кондомите.

20. СТАВАЊЕ КОНДОМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку во блиското опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник има и други лица со кои тој може да разговара на конкретната тема, тогаш наведете ги и нив (брат, сестра, роднина, другар и сл.).

19. СТАВАЊЕ КОНДОМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека кондомот, завиткан во тоалетната хартија или влажното марамче, Вашето дете/ученик/роднина/корисник може да го фрли само во корпата за ѓубре, а не во шољата. Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник наведете дека во шољата не смее да го фрли искористениот кондом и тоалетата хартија или влажното марамче, бидејќи шољата може да се затне. Посочете ја локацијата во домот каде се наоѓа корпата за ѓубре во која може да го фрли завитканиот кондом (WC, кујна, двор и сл.).

18. СТАВАЊЕ КОНДОМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник појаснете дека спермата од пенисот нема да се собере во кондомот, доколку тој е скинат. Напротив спермата, заедно со сперматозоидите, ќе влезат во вагината на девојката и така таа може да остане бремена. Доколку имате кондом, дупнете го и наполнете го со вода. Наведете дека како што водата излегува, протекува од кондомот надвор, така спермата излегува од кондомот и влегува во вагината на девојката за време на сексот, сексуалниот однос.

17. СТАВАЊЕ КОНДОМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник дополнете дека кинењето на кондомот не може да се осети, може само да се види, кога ќе се извади кондомот од вагината на девојката. Токму затоа е важно при вадењето на кондомот од вагината, секогаш да се проверува како изгледа кондомот, односно дали е скинат или не.

16. СТАВАЊЕ КОНДОМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник наведете дека тоалетната хартија или влажното марамче ќе помогнат спермата да не истече надвор од кондомот.

15. СТАВАЊЕ КОНДОМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Потенцирајте дека кондомот треба да се извади по излегувањето на спермата, односно на крајот на сексот. Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник наведете дека некогаш може и да не излезе сперма од пенисот. Во тој случај момчето и девојката одлучуваат кога ќе заврши сексот. Важно е да нагласите дека при вадење на кондомот, потребно е со едната рака да се држи кондомот, за истиот да не се извлече или остане во вагината на девојката.

13. СТАВАЊЕ КОНДОМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Важно е да нагласите дека кога кондомот е наместен на пенисот, тогаш пенисот може да влезе во вагината. На тој начин девојката нема да остане бремена. Од особено значење е да се претстави овој чекор (ставање кондом на пенис, потоа внесување на пенисот во вагината), бидејќи може да се случи погрешно толкување на чекорите. Без претставување на оваа илустрација (сексуалниот однос), односно чекор постои можност Вашето дете/ученик/роднина/корисник да сфати дека кондомот се става и веднаш потоа се вади, а потоа следува сексуалниот однос.