Image tooltip text
Доколку способностите и можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник дозволуваат применете банана, краставица или дилдо како модел на пенис. Примената на модел се препорачува доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник ја разбира поврзаноста меѓу пенисот и моделот, односно значењето на самиот модел. На моделот демонстрирајте го ставањето на кондомот. Потенцирајте дека балончето, од кондомот, треба да биде стиснато и така да биде ставено на пенисот. Потоа дозволете му на Вашето дете/ученик/роднина/корисник да го стави кондомот на врвот на моделот. Доколку е потребно применете рака на рака поддршка, со што ќе го олесните процесот на моторно учење на движењето за ставање на кондомот на врвот на пенисот. Доколку способностите и можностите на Вашето дете не дозволуваат да се применува модел како замена на пенис, односно не ја разбира поврзаноста меѓу пенисот и моделот, тогаш единствен начин на демонстрирање е да му ги објасните чекор по чекор движењата на Вашето дете, применувајќи ги илустрациите, за да тој се обиде тие чекори да ги примени на себе, односно да се обиде да стави кондомот на својот пенис.