Важно е да нагласите дека кога кондомот е наместен на пенисот, тогаш пенисот може да влезе во вагината. На тој начин девојката нема да остане бремена. Од особено значење е да се претстави овој чекор (ставање кондом на пенис, потоа внесување на пенисот во вагината), бидејќи може да се случи погрешно толкување на чекорите. Без претставување на оваа илустрација (сексуалниот однос), односно чекор постои можност Вашето дете/ученик/роднина/корисник да сфати дека кондомот се става и веднаш потоа се вади, а потоа следува сексуалниот однос.
Кога кондомот ќе биде добро ставен јас ќе може да го ставам пенисот во вагината на мојата девојка.
Тогаш јас и мојата девојка ќе може да имаме секс, без мојата девојка да остане бремена.
Objective
Knowledge
Тематска област
Вештини за здравје и благосостојба
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-03/13_6.jpg