Женско

9. Што работат репродуктивните органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите и способностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка посочете дека бебето на почетокот е мало, но потоа расте се поголемо и поголемо.

8. Што работат репродуктивните органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Важно е да нагласите дека јајце клетката и сперматозоидот, треба да се закачат на некој од ѕидовите/страните на матката за да може од нив да почне да расте бебе.

6. Што работат репродуктивните органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите и способностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка посочете дека сперматозоидите се многу мали и личат на црвчиња. Нагласете дека сперматозоидот доаѓа од машките репродуктивни органи. Да не се создаде мислење дека сперматозоидите се создаваат во женските репродуктивни органи.

4. Што работат репродуктивните органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Имајќи предвид дека поимот јајце клетка е тежок за изговарање и доста апстрактен, не настојувајте премногу Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да го изговори правилно. Важно е истата да ја препознае на илустрација, односно дека јајце клетката се создава во јајчниците. Согласно можностите и способностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка може да го користите и терминот топче, за именување на јајце клетка.

3. Што работат репродуктивните органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете и друга личност од семејството или блиското опкружување на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка со машки репродуктивни органи. Важно е да се потенцира дека машките репродуктивни органи се наоѓаат внатре во стомакот на машкото, не женското. На овој начин се исклучува можноста Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да научи дека една личност има и машки и женски репродуктивни органи.

2. Што работат репродуктивните органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите и способностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка потсетете ја дека вагината е приватен дел од телото, но дека исто така служи за создавање на бебе, поради што спаѓа во групата на женски репродуктивни органи.

1. Што работат репродуктивните органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Во рамки на семејството или блиското опкружување на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка посочете кои лица се женски (мајка, сестра, тетка, баба, братучетка и др.).

14. Женски репродуктивни органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка е женско и посочете ги женските репродуктивни органи на илустрацијата. Дополнително можете повторно да наведете и други женски личности од семејството или блиското опкружување на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка.