Женско

6. Менструација

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете колку дена трае менструацијата на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка. Потоа споделете колку дена трае менструацијата на женска личност од семејството или блиското опкружување на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка (мајка, сестра, родина, другарка и сл.). Нагласете дека времетраењето е различно кај различни девојки/жени. Во текот на менструацијата користете календар за обележување на менструалните денови. Заедно со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка одберете симбол со кој ќе ги означувате тие денови (слика од влошка, смајли и сл.). На овој начин Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ќе може да ги визуелизира деновите кои преостануваат до крајот на менструацијата, односно да знае уште колку денови треба да носи влошка. Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка се уште не го поминала тој развоен период, односно не добила менструација наведете дека опишаната промена во иднина ќе се појави и кај неа. Дополнете дека менструалните денови ќе ги бележите на календар, со претходно заеднички одбран симбол.

5. Менструација

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете и друга личност од семејството или блиското опкружување на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка која има менструација (роднина, пријатели, познаници и сл.). На овој начин менструацијата се претставува како промена која се случува кај сите девојки и жени, а не само кај Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка. Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка се уште не го поминала тој развоен период, односно не добила менструација, посочете личност или покажете слика од нејзина блиска женска личност, постара од неа (мајка, сестра, родина, другарка и сл.) која има менструација. Дополнете дека Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка кога ќе порасне и ќе биде девојка ќе има менструација.

4. Менструација

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку имате слика од двата развојни периоди претставени на илустрацијата од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка направете ја споредбата меѓу детето и девојката. На овој начин Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ќе може да го визуелизира процесот на растење и да ги воочи промените кои настанале. Нагласете дека девојката има менструација, детето нема. Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка се уште е дете, односно не е започнат следниот развоен период - пубертет, нагласете дека во иднина таа ќе порасне и ќе добие менструација. Менструацијата значи дека таа пораснала поголема.

3. Менструација

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете го денот кога Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ја добила првата менструација (доколку имате информации за истиот:годишна возраст, како таа реагирала, процесот на ставање/носење на влошка и сл.). Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка се уште не добила менструација наведете дека во иднина тоа треба да се случи и кај неа, односно дека треба да ја очекуваа менструацијата.

2. Менструација

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека женските делови во стомакот не може да ги види Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка. Пред огледало заедно посочете го делот од стомакот во кој се наоѓаат женските делови (меѓу папокот и вагината).

1. Менструација

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Пред огледало или на слика од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка посочете ги набројаните промени. Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка се уште не ги доживеала наведените промени посочете дека истите ќе се случат во иднина, односно дека Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка треба да очекува нејзиното тело да изгледа слично како телото претставено на илустрацијата.

13. Што работат репродуктивните органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека женските репродуктивни органи ги прават јајце клетките и дека од јајце клетката може да се создаде бебе. Во однос на создавањето на бебето, секогаш наведете дека е потребно сперматозоидот, од машките репродуктивни органи, да влезе во јајце клетката. На тој начин ја исклучувате можноста Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да претпостави дека само од јајце клетката може да се создаде бебе.

12. Што работат репродуктивните органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Именувајте го течењето на крв од вагина како менструација. Земајќи предвид дека поимот е тежок за изговарање, не настојувајте премногу на точно изговарање од страна на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка. За целиот менструален циклус понатаму следува посебна приказна.

11. Што работат репродуктивните органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека секогаш кога јајце клетката нема да најде сперматозоид во јајцеводите од вагината ќе почне да тече крв. Со таа крв јајце клетката излегува надвор од телото на женското.