Женско

13. Женски репродуктивни органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека женските имаат женски репродуктивни органи или само женски органи, а машките имаат машки репродуктивни органи или само машки органи. Согласно можностите и способностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка набројте ги и женските репродуктивни органи (вагина, матка, јајцеводи и јајчници) и машките (пенис, тестиси, семевод и уретра). Доколку изговарањето претставува тешкотија, тогаш само како машки или женски репродуктивни органи посочете ги на илустрацијата.

12. Женски репродуктивни органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Асоцирајте ја формата на вагината со тунел. Асоцирање на вагината со тунел може да ја зголеми можноста за полесно препознавање на истата. Дополнително потсетете ја Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка дека вагината претходно ја именувавте и како приватен дел. Нагласете дека вагината помага во создавањето на бебето и затоа се вика и репродуктивен орган.

11. Женски репродуктивни органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите и способностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка посочете дека бебето на почетокот е мало, но потоа расте се поголемо и поголемо.

10. Женски репродуктивни органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Имајќи предвид дека поимот матка е тежок за изговарање и доста апстрактен, не настојувајте премногу Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да го изговори правилно. Важно е матката да ја препознае на илустрација. Асоцирање на матката со инка може да ја зголеми можноста за полесно препознавање на истата.

9. Женски репродуктивни органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Имајќи предвид дека поимот јајцеводи е тежок за изговарање и доста апстрактен, не настојувајте премногу Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да го изговори правилно. Важно е истите да ги препознае на илустрација. Асоцирање на јајцеводите со цевки може да ја зголеми можноста за полесно препознавање на истите.

8. Женски репродуктивни органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Имајќи предвид дека поимот јајчници е тежок за изговарање, не настојувајте премногу Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка точно да ги изговори истите. Важно е да ги препознае на илустрацијата.

7. Женски репродуктивни органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Помогнете и на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да ја препознае главата од бик на илустрацијата. На тој начин полесно ќе направи асоцијација за формата на женските репродуктивни органи и полесно ќе ги меморира.

6. Женски репродуктивни органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку изговарањето на машките репродуктивни органи (пенис, тестиси, семевод и уретра) претставува тешкотија за Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка истите именувајте ги само како машки органи. Важно е претставената илустрација да ја именува како машки репродуктивни органи или машки органи и да ја знае нивната местоположба во долниот дел на стомакот на машкото.

5. Женски репродуктивни органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете и друга личност од семејството или блиското опкружување на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка со машки репродуктивни органи. Важно е да се потенцира дека машките репродуктивни органи се наоѓаат внатре во стомакот на машкото, не женското. На овој начин се исклучува можноста Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да научи дека една личност има и машки и женски репродуктивни органи.

4. Женски репродуктивни органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете и друга личност од семејството или блиското опкружување на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка со женски репродуктивни органи. Доколку изговарањето на поимот репродуктивни органи претставува тешкотија за Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка истите именувајте ги само како женски органи.