Ниво 1

1. КАКО ГИ ДОПИРАМ ЛУЃЕТО

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Толкувањето на говорот на телото е важно за воспоставување на комуникација. Секогаш опишете ја лицевата експресија (насмеан, расположен и сл.) и поставеноста на телото на соговорникот (стои до Вашето дете/ученик/роднина/корисник, не се обидува да се отргне и сл.).

4. Мастурбација

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Важно е Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да добие информација дека мастурбацијата е појава која се среќава и кај машките и кај женските, односно дека и машките и женските мастурбираат. Бидејќи во оваа приказна се објаснува мастурбација која се јавува пред или во текот на пубертетот нагласете дека мастурбацијата се јавува кај момчињата и мажите и девојките и жените. На овој начин се исклучуваат децата на годишна возраст помала од 9-8 години. Бидејќи тие не применуваат ваков тип на мастурбација. Доколку е присутна мастурбација на таа годишна возраст или помала, тогаш тоа не е мастурбација предизвикана од хормоналните промени, туку допирање на пенисот или вагината со цел запознавањето на телото и неговата функција, како и доживување на чувството на релаксација и намалување на анксиозност/тензија. Акцентот треба да се стави на разликите меѓу машка и женска мастурбација, односно дека машките го допираат својот пенис, а женските ја допираат својата вагина.

3. Мастурбација

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку сте родител овозможете Вашата ќерка да ја види со огледало својата вагина и клиторисот. Доколку сте професионалец претставете го клиторисот употребувајќи ја претходната илустрација, но наведете дека истиот може да го види само со огледало.

2. Мастурбација

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Познавањето на сопственото тело е од особено значење за разбирање на начинот на кое истото функционира. Согласно можностите и способностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка наведете го клиторисот како дел од телото, со местоположба над уретрата или блиску до вагината. Важно е Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да знае дека има клиторис или топче, кое и предизвикува убави чувства кога го допира, односно да знае кој дел на телото го допира додека мастурбира.

1. Мастурбација

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Поимот мастурбација е тежок за изговарање. Поради тоа не настојувајте Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка точно да го изговори. Важно е да го препознае значењето на зборот, односно дека поимот мастурбација значи допирање и триење на вагината кај женските. Нагласете дека мастурбирањето е нормална, природна појава, работа и дека тоа го практикуваат многу луѓе.

31. НЕПРИЈАТНИ ДОПИРИ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Од особено значење е Вашето дете/ученик/роднина/корисник да биде охрабрен на непријатен допир да каже не, без оглед од кого тој допир доаѓа. Во таа насока важно е да се нагласи изразот на лицето, кој треба да биде сериозен и раката да биде испружена напред, со што се дава знак со телото за прекин на допирањето. Изведувајте ги овие движења пред огледало, заедно со Вашето дете/ученик/роднина/корисник.

30. НЕПРИЈАТНИ ДОПИРИ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Од особено значење е Вашето дете/ученик/роднина/корисник да знае дека непријатни допири може да искуси од сите луѓе. Затоа е важно да се претстави оваа можна ситуација, за да истата биде препознаена доколку се случи.
Опишете ја лицевата експресија (збунет, изненаден, лут и сл.) и поставеноста на телото (згрчен, се обидува да се одбрани и сл.) и нагласете дека токму од лицето и телото се гледа дали на момчето му е пријатно или непријатно.

29. НЕПРИЈАТНИ ДОПИРИ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Од особено значење е Вашето дете/ученик/роднина/корисник да биде охрабрен на непријатен допир да каже не, без оглед од кого тој допир доаѓа. Во таа насока важно е да се нагласи изразот на лицето, кој треба да биде сериозен и раката да биде испружена напред, со што се дава знак со телото за прекин на допирањето. Изведувајте ги овие движења пред огледало, заедно со Вашето дете/ученик/роднина/корисник.