Ниво 1

5. Менструација

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете и друга личност од семејството или блиското опкружување на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка која има менструација (роднина, пријатели, познаници и сл.). На овој начин менструацијата се претставува како промена која се случува кај сите девојки и жени, а не само кај Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка. Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка се уште не го поминала тој развоен период, односно не добила менструација, посочете личност или покажете слика од нејзина блиска женска личност, постара од неа (мајка, сестра, родина, другарка и сл.) која има менструација. Дополнете дека Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка кога ќе порасне и ќе биде девојка ќе има менструација.

4. Менструација

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку имате слика од двата развојни периоди претставени на илустрацијата од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка направете ја споредбата меѓу детето и девојката. На овој начин Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ќе може да го визуелизира процесот на растење и да ги воочи промените кои настанале. Нагласете дека девојката има менструација, детето нема. Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка се уште е дете, односно не е започнат следниот развоен период - пубертет, нагласете дека во иднина таа ќе порасне и ќе добие менструација. Менструацијата значи дека таа пораснала поголема.

3. Менструација

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете го денот кога Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ја добила првата менструација (доколку имате информации за истиот:годишна возраст, како таа реагирала, процесот на ставање/носење на влошка и сл.). Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка се уште не добила менструација наведете дека во иднина тоа треба да се случи и кај неа, односно дека треба да ја очекуваа менструацијата.

2. Менструација

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека женските делови во стомакот не може да ги види Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка. Пред огледало заедно посочете го делот од стомакот во кој се наоѓаат женските делови (меѓу папокот и вагината).

1. Менструација

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Пред огледало или на слика од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка посочете ги набројаните промени. Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка се уште не ги доживеала наведените промени посочете дека истите ќе се случат во иднина, односно дека Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка треба да очекува нејзиното тело да изгледа слично како телото претставено на илустрацијата.

26. ВИДОВИ ВРСКИ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека е важно да ги почитуваме правилата на однесување со членовите на семејството, роднините, другарите, познаниците и странците, односно лицата кои не ги познаваме.

25. ВИДОВИ ВРСКИ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Набројте и други ситуации каде Вашето дете/ученик/роднина/корисник среќава странци (на пример на спортски натпревар, концерт, трговски центри и сл.). Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник нагласете дека некогаш со странците може да зборува, доколку нешто го прашаат, но не и да го допираат. Исто така во одредени ситуации и тој може да ги праша нешто странците, но не и да ги допира.

23. ВИДОВИ ВРСКИ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека Вашето дете/ученик/роднина/корисник најчесто само ќе ги допира познаниците на рака, кога се поздравува со нив. Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник дополнете дека може да има и ретки ситуации во кои тој би ги гушнал и бакнал познаниците во образ (на пример, кога им честита роденден или некоја друг вид на прослава и сл.).