Ниво 1

15. Менструација

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете ја болката во стомакот, која може да се јави како придружен симптом на менструацијата. Потоа споделете доколку женска личност од семејството или блиското опкружување на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка (мајка, сестра, родина, другарка и сл.) чувствува промени во стомакот за време на менструацијата. Нагласете дека некои девојки/жени може да имаат потврд и поголем стомак за време на менструацијата, а други не.

14. Менструација

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Посебно наведете ја болката во градите, која може да се јави како придружен симптом на менструацијата. Потоа споделете доколку женска личност од семејството или блиското опкружување на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка (мајка, сестра, родина, другарка и сл.) чувствува промени во градите за време на менструацијата. Нагласете дека некои девојки/жени може да имаат потврди и поголеми гради за време на менструацијата, а други не.

12. Менструација

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете дека болка за време на менструација имаат многу девојки/жени. Доколку има и други личности на кои Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка може да им се обрати за помош при справување со болката, наведете ги и нив (членови на семејството, роднини, пријатели и сл.). Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка се уште не го поминала тој развоен период, односно не добила менструација наведете ја појавата на болката како можност кај неа, имајќи предвид дека не сите девојки/жени имаат менструални болки.

11. Менструација

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Заедно со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка извадете ја обоената влошка и нагласете дека гаќите не се натопени со крв. Односно дека поради влошката гаќите остануваат чисти.

10. Менструација

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Заедно со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка на една влошка капнете неколку капки од светло обоена црвена вода за да се претстави впивањето на црвена боја на крв, а на друга влошка капнете неколку капки од темно обоена црвена вода за да се претстави впивањето на кафена крв на влошката. Нагласете дека некои денови на крвта на влошката може да има црвена боја , а други денови крвта на влошката може да има кафена боја.

9. Менструација

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Заедно со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка на една влошка капнете неколку капки од обоената црвена вода за да се претстави впивањето на мало количество на крв, а на друга влошка капнете повеќе капки обоена црвена вода за да се претстави впивање на поголемо количество на крв на влошката. Нагласете дека некои денови на влошката може да има помалку крв, а други денови на влошката може да има повеќе крв.

8. Менструација

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Покажете влошка која Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ја користи или претпоставувате дека ќе ја користи кога ќе добие менструација. Согласно можностите и потребите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка опишете ја влошката (боја, материјал, големина, дебелина, мирис и сл.). Заедно со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ставете ја влошката на гаќите (кои ги користите како модел за демонстрирање). На влошката капнете неколку капки од обоената црвена вода за да се претстави впивањето и улогата на влошката.

7. Менструација

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете дека на некои девојки/жени им тече повеќе крв, додека на други девојки/жени помалку. Сепак се очекува да истече крв колку што 10 мали лажици можат да соберат вода. Заедно со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка во една чаша ставете 10 мали лажици обоена црвена вода (приближна боја на крвта) за да може Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да ја визуелизира количината на крв која треба да истече за време на менструацијата. На овој начин се намалува можноста Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да стекне погрешна информација дека за време на менструацијата тече постојано и многу крв.

6. Менструација

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете колку дена трае менструацијата на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка. Потоа споделете колку дена трае менструацијата на женска личност од семејството или блиското опкружување на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка (мајка, сестра, родина, другарка и сл.). Нагласете дека времетраењето е различно кај различни девојки/жени. Во текот на менструацијата користете календар за обележување на менструалните денови. Заедно со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка одберете симбол со кој ќе ги означувате тие денови (слика од влошка, смајли и сл.). На овој начин Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ќе може да ги визуелизира деновите кои преостануваат до крајот на менструацијата, односно да знае уште колку денови треба да носи влошка. Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка се уште не го поминала тој развоен период, односно не добила менструација наведете дека опишаната промена во иднина ќе се појави и кај неа. Дополнете дека менструалните денови ќе ги бележите на календар, со претходно заеднички одбран симбол.