Ниво 1

11. Пријатни допири

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Посочете дека има и ситуации во кои никој не ја допира Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка и дека тое е во ред. Нагласете дека и тогаш може да се чувствува пријатно, иако никој не ја допира. Во овој контекст објаснете дека луѓето кои не ги познаваме, не не допираат (како на претставената илустрација – автобуска постојка).

10. Пријатни допири

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку во опкружувањето на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка има и други лица кои ја допираат на ваков начин, при поздравување,наведете ги и нив, за да се претстави и тој допир како пријатен (тренер, наставничка и сл.).

9. Пријатни допири

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека при поздравување и Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка го допира комшијата. Доколку употребувате труг термин за комшија (како сосед или сл.) применете го него. И во ова ситуација опиштете ја поставеноста на телото и лицевата експресија, кои заедно покажуваат дека тој допир, при поздравување, на девојката и е пријатен.

8. Пријатни допири

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку во опкружувањето на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка има и други лица кои ја бакнуваат во образ наведете ги и нив, за да се претстави и тој допир како пријатен (брат, сестра, соседи и сл.).

7. Пријатни допири

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја положбата на телото на девојката (стои блиску до мајката и дозволува таа да ја бакне во образ) и лицевата експресија. Нагласете дека сето тоа покажува дека на девојката и е пријатно што мајка и ја бакнува во образ.

6. Пријатни допири

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку во опкружувањето на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка има и други лица кои ја гушкаат наведете ги и нив, за да се претстави и тој допир како пријатен (наставничка, брат, сестра, соседи и сл.).

5. Пријатни допири

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја положбата на телото на девојката (стои блиску до мајката, главата е наведната кон неа) и лицевата експресија. Нагласете дека сето тоа покажува дека на девојката и е пријатно што мајка и ја гушка.

4. Пријатни допири

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Дополнете дека докторот или докторката исто така може да ги допрат приватните делови на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка, кога е на преглед кај нив. Нагласете дека тоа е во ред и дека на тој начин докторот или докторката можат да и помогнат на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да биде здрава или да оздрави, доколку е болна или има болка.

3. Пријатни допири

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Дополнете дека на девојката и е потребна помош од татко и при бањање и токму затоа девојката се чувствува пријатно, односно стои мирно и дозволува татко и да и помогне. Доколку и на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка и е потребна помош при бањање споредете ја таа ситуација со илустрацијата. Исто така, доколку во семејството има и други лица кои обезбедуваат поддршка при бањање на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка набројте ги и нив (баба, дедо, брат, сестра или сл.).