Машко

18. БРЕМЕНОСТ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник наведете дека докторот/докторката најсигурно може да каже дали девојката е бремена или не. Доколку тестот за бременост е позитивен девојката мора да отиде на доктор, за тој/таа да потврди дали девојката е бремена. Исто така можете да ја опишете постапката на преглед, односно дека докторот/докторката со еден апарат (ЕХО) го допира стомакот на девојката или со него влегува во вагината на девојката, за да види дали во матката почнало да се развива бебе.

17. БРЕМЕНОСТ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник наведете дека една линија значи дека тестот е негативен, односно дека девојката не е бремена.

16. БРЕМЕНОСТ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Различни тестови за бременост, во упатството за употреба, имаат наведено различно време потребно за тестот да покаже резултати. Во најголем број потребни се 3 минути за добивање на резултати. Сепак нагласете дека се потребни неколку минути, пред да може да се видат резултатите на тестот.

15. БРЕМЕНОСТ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку сте во можност симулирајте го опишаниот процес. Во чаша наполнета со вода потопете предмет, кој наликува на тестот за бременост (стапче, молив и сл.). Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник наведете дека тестот за бременост треба да стои потопен во урина неколку секунди (5-7 секунди) и потоа треба да се извади.

14. БРЕМЕНОСТ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете го тестот за бременост како стапче. Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник дополнете дека тестот на едниот крај има капаче, кое се отвора и внатре има лента.

12. БРЕМЕНОСТ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник посочете дека за време на бременоста во јајцеводите на девојката нема јајце клетки и следствено нема исфрлање на истите преку менструалната крв, односно нема менструација. Исто така, можете да го поедноставите објаснувањето со нагласување дека кога во матката има бебе, девојката нема менструација.

11. БРЕМЕНОСТ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник дополнете дека јајце клетката и сперматозоидот мора да останат внатре во матката, за да може од нив да почне да се развива бебе. Доколку јајце клетката и сперматозоидот излезат од матката низ вагината нема да се направи бебе во матката на девојката.

10. БРЕМЕНОСТ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Посочете дека јајце клетката и сперматозоидот, откако се споиле, заедно патуваат од јајцеводот до матката. Со прст покажете го нивниот заеднички пат на илустрацијата.

9. БРЕМЕНОСТ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека сперматозоидите на момчето се натпреваруваат кој прв ќе ја најде јајце клетката на девојката. Тој сперматозоид што ќе ја најде прв, само тој ќе може да влезе во јајце клетката. Важно е Вашето дете/ученик/роднина/корисник да разбере дека сперматозоидот и јајце клетката се спојуваат, односно дека сперматозоидот влегува внатре во јајце клетката.