Машко

13. ШТО Е НЕПРИЈАТНО

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Заедно со Вашето дете/ученик/роднина/корисник набројте ги сите ситуации, претходно дискутирани, во кои тој се чувствува неубаво/непријатно. Уште еднаш опишете ги лицевите експресии, со зборови познати на Вашето дете/ученик/роднина/корисник (детето е тажно, луто, не се смее, плаче, загрижен и сл.) кои тој ги има додека ги изведува/практикува претходно набројаните активности. Уште еднаш нагласете дека неубаво значи непријатно и обратно.

12. ШТО Е НЕПРИЈАТНО

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија на момчето на илустрацијата (многу му е топло, не се смее, не му е убаво, има капки пот и сл.). Дополнително опишете ја и поставеноста на телото (се обидува да се лади и сл.). Исто така можете да наведете и други ситуации во кои на Вашето дете/ученик/роднина/корисник му е многу топло (кога е лето, кога е на плажа, кога грее силно сонце и сл.). Покажете му на Вашето дете/ученик/роднина/корисник како изгледа Вашето лице и тело кога Ви е топло. Потоа побарајте од Вашето дете/ученик/роднина/корисник да покаже како изгледа неговото лице и тело кога нему му е топло. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.

11. ШТО Е НЕПРИЈАТНО

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија на момчето на илустрацијата (многу му е ладно, не се смее, не му е убаво и сл.). Дополнително опишете ја и поставеноста на телото (се тресе, телото е собрано, згрчено, се обидува да се стопли и сл.). Исто така можете да наведете и други ситуации во кои на Вашето дете/ученик/роднина/корисник му е ладно (кога е зима, кога дува ветер, кога врне, кога има снег и сл.). Покажете му на Вашето дете/ученик/роднина/корисник како изгледа Вашето лице и тело кога Ви е ладно. Потоа побарајте од Вашето дете/ученик/роднина/корисник да покаже како изгледа неговото лице и тело кога нему му е ладно. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.

10. ШТО Е НЕПРИЈАТНО

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија на момчето претставено на илустрацијата (слуша многу гласна музика, не се смее, не му е убаво, ги покрива ушите и сл.). Дополнително опишете ја и поставеноста на телото (се обидува да се тргне од местото каде има гласна музика и сл.). Исто така можете да наведете и други ситуации во кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник слуша гласна музика (училиште, концерт, ТВ, фестивал и сл.). Покажете му на Вашето дете/ученик/роднина/корисник како изгледа Вашето лице кога Вие слушате многу гласна музика. Потоа побарајте од Вашето дете/ученик/роднина/корисник да покаже како изгледа неговото лице кога тој слуша многу гласна музика. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.

9. ШТО Е НЕПРИЈАТНО

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија на момчето претставено на илустрацијата (стои меѓу луѓе кои зборуваат многу гласно, не се смее, не му е убаво, ги покрива ушите и сл.). Дополнително опишете ја и поставеноста на телото (се обидува да се тргне од луѓето и сл.). Исто така можете да наведете и други ситуации во кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник бил меѓу луѓе кои зборуваат многу гласно (училиште, ресторан, натпревар, концерт и сл.). Покажете му на Вашето дете/ученик/роднина/корисник како изгледа Вашето лице кога Вие сте меѓу луѓе кои зборуваат многу гласно. Потоа побарајте од Вашето дете/ученик/роднина/корисник да покаже како изгледа неговото лице кога тој е меѓу луѓе кои многу гласно зборуваат. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.

8. ШТО Е НЕПРИЈАТНО

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија на момчето претставено на илустрацијата (стои меѓу многу луѓе, не се смее, не му е убаво и сл.). Дополнително опишете ја и поставеноста на телото (се обидува да не се допира до другите луѓе, стиснат стои на едно место и сл.). Исто така можете да наведете и други ситуации во кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник бил меѓу многу луѓе. Покажете му на Вашето дете/ученик/роднина/корисник како изгледа Вашето лице кога Вие се наоѓате меѓу многу луѓе-гужва. Потоа побарајте од Вашето дете/ученик/роднина/корисник да покаже како изгледа неговото лице и тело кога тој стои меѓу многу луѓе. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.

7. ШТО Е НЕПРИЈАТНО

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија на момчето претставено на илустрацијата (некој го удира или задева, лут, нервозен, не се смее и сл.). Дополнително опишете ја и поставеноста на телото (се обидува да се тргне, да се одбрани и сл.). Исто така можете да наведете и други ситуации во кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник се почувствувал лут. Покажете му на Вашето дете/ученик/роднина/корисник како изгледа Вашето лице кога Вие сте лут/а. Потоа побарајте од Вашето дете/ученик/роднина/корисник да покаже како изгледа неговото лице кога тој е лут. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.

6. ШТО Е НЕПРИЈАТНО

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија на момчето претставено на илустрацијата (не знае каде му е мобилниот, тажен е, не се смее, плаче и сл.). Исто така можете да наведете и други ситуации во кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник се почувствувал тажен. Покажете му на Вашето дете/ученик/роднина/корисник како изгледа Вашето лице кога Вие сте тажен/на. Потоа побарајте од Вашето дете/ученик/роднина/корисник да покаже како изгледа неговото лице кога тој е тажен. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.

5. ШТО Е НЕПРИЈАТНО

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија на момчето претставена на илустрацијата (стиснат нос, главата е свртена на другата страна, не му е убаво, не се смее). Заедно со Вашето дете/ученик/роднина/корисник дискутирајте кога неговите пазуви мирисаат лошо (после трчање, вежбање, кога ќе се испоти,кога не е бањат). Заедно со Вашето дете/ученик/роднина/корисник застанете пред огледало. Вие помирисајте ги Вашите пазувите и опишете ја Вашата лицева ескпресија (за непријатен мирис). Потоа побарајте од Вашето дете/ученик/роднина/корисник да ги помириса своите пазуви и да го опише изгледот на своето лице. Доколку сте во можност искористете природна ситуација кога опишаната активност Вашето дете/ученик/роднина/корисник ја практикува спонтано за да дискутирате како тој се чувствува и како изгледа кога пазувите му мирисаат лошо (при пресоблекување, мирисање на пазувите по одредена физичка активност, кога е испотен, кога е многу топло и сл.).

4. ШТО Е НЕПРИЈАТНО

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија на момчето на илустрацијата (панталоните го стегаат, не се смее, не му е убаво, не може слободно да дише и сл.). Дополнително опишете ја и поставеноста на телото (згрчен, стегнат стомак и сл.). Исто така можете да наведете и други ситуации во кои нешто друго го стега Вашето дете/ученик/роднина/корисник (капа, маица, чорапи, гаќи, ракавици и сл.). Покажете му на Вашето дете/ученик/роднина/корисник како изгледа Вашето лице кога Вас нешто Ве стега. Потоа побарајте од Вашето дете/ученик/роднина/корисник да покаже како изгледа неговото лице кога него нешто го стега. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.