Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија, претставена на илустрацијата, со зборови кои и се познати на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка (многу е ладно, не се смее, не и е убаво и сл.). Дополнително опишете ја и поставеноста на телото (се тресе, телото е собрано, згрчено, се обидува да се стопли и сл.). Исто така можете да наведете и други ситуации во кои на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка и е ладно (кога е зима, кога дува ветер, кога врне, кога има снег и сл.). Покажете и на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка како изгледа Вашето лице и тело кога Ви е ладно. Потоа побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да покаже како изгледа нејзиното лице и тело кога нејзе и е ладно. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.