10 - 18

3. Непријатни допири

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Од особено значење е Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да биде охрабрена на непријатен допир да каже не, без оглед од кого тој допир доаѓа. Во таа насока важно е да се нагласи изразот на лицето, кој треба да биде сериозен и раката да биде испружена напред, со што се дава знак со телото за прекин на допирањето. Изведувајте ги овие движења пред огледало, заедно со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка.

2. Непријатни допири

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Од особено значење е Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да знае дека непријатни допири може да искуси од сите блиски луѓе, меѓу кои и баба и дедо. Затоа е важно да се претстави оваа можна ситуација, за да истата биде препознаена доколку се случи. Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка нема баба и дедо, ликовите на илустрацијата именувајте ги согласно лицата кои се присутни во опкружување на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка (пријатели, познаници и сл.).
Опишете ја лицевата експресија (збунета, изненадена, лута и сл.) и поставеноста на телото (згрчена, се обидува да се одбрани и сл.) и нагласете дека токму од лицето и телото се гледа дали на девојката и е пријатно или непријатно.

1. Непријатни допири

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја положбата на телото на девојката како згрчена и стегната. Дополнете дека според поставеноста на телото девојката всушност и не сака да стои до детето кое ја удира. Исто така, опишете дека на лицето нема насмевка и според тоа може да се види дека на девојката не и е убаво, односно пријатно.

11. Пријатни допири

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Посочете дека има и ситуации во кои никој не ја допира Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка и дека тое е во ред. Нагласете дека и тогаш може да се чувствува пријатно, иако никој не ја допира. Во овој контекст објаснете дека луѓето кои не ги познаваме, не не допираат (како на претставената илустрација – автобуска постојка).

10. Пријатни допири

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку во опкружувањето на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка има и други лица кои ја допираат на ваков начин, при поздравување,наведете ги и нив, за да се претстави и тој допир како пријатен (тренер, наставничка и сл.).

9. Пријатни допири

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Нагласете дека при поздравување и Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка го допира комшијата. Доколку употребувате труг термин за комшија (како сосед или сл.) применете го него. И во ова ситуација опиштете ја поставеноста на телото и лицевата експресија, кои заедно покажуваат дека тој допир, при поздравување, на девојката и е пријатен.

8. Пријатни допири

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку во опкружувањето на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка има и други лица кои ја бакнуваат во образ наведете ги и нив, за да се претстави и тој допир како пријатен (брат, сестра, соседи и сл.).

7. Пријатни допири

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја положбата на телото на девојката (стои блиску до мајката и дозволува таа да ја бакне во образ) и лицевата експресија. Нагласете дека сето тоа покажува дека на девојката и е пријатно што мајка и ја бакнува во образ.

6. Пријатни допири

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку во опкружувањето на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка има и други лица кои ја гушкаат наведете ги и нив, за да се претстави и тој допир како пријатен (наставничка, брат, сестра, соседи и сл.).