24. СПИ

Submitted by tstankova on

Што:

Приказната „Сексуално преносливи инфекции“ нуди информации за начинот на заштита од сексуално преносливи инфекции.

Зошто е важно:

Обезбедувањето на информации од областа на сексуалното и репродуктивно здравје претставува само еден сегмент од обезбедувањето на информации за можностите како да се сочува и унапреди целокупното здравје на лицата со АСН. Претставувањето на основните податоци за сексуално преносливи инфекции создава услови Вашето дете/ученик/роднина/корисник да ја зголеми својата самостојност при носење на информирани одлуки, кои ќе го намалат ризикот од сексуална злоупотреба и нарушување на сексуалното и репродуктивно здравје. Дополнително, создавањето на безбедна средина, во која Вашето дете/ученик/роднина/корисник ќе може да разговара на конкретната тема исто така го намалува ризикот Вашето дете/ученик/роднина/корисник да стекне погрешни или нецелосни информации за СПИ, кои може да имаат негативни последици врз неговото целокупно здравје.

Кога е соодветно да се обработува приказната?

Обезбедувањето на информации за СПИ треба да се започне во текот на пубертетот, бидејќи тој период е окарактеризиран со поинтензивно истражување на сопствената сексуалност, вклучувајќи ги сексуалните односи. Вашето дете/ученик/роднина/корисник треба да ги има информации за СПИ пред да почне да практикува сексуални односи, за да може соодветно да се заштити од истите. Темпото со кое ќе бидат претставувани потребните информации зависат од можностите и моменталните потреби на Вашето дете/ученик/роднина/корисник. Во таа насока во кој дел од пубертетот ќе биде обработувана приказната за сексуално преносливи инфекции проценувате и одредувате Вие во заедничка соработка со Вашето дете/ученик/роднина/корисник и  блиското опкружување на лицето (родители, професионалци, роднини и сл.).

SRH Module Post Quiz
SRH Module Icon
СПИ
SRH Module Dependency
SRH Module Profile
Country
Age Group