23. СТАВАЊЕ КОНДОМ

Submitted by tstankova on

Што:

Приказната „Ставање кондом“ нуди информации за начинот на правилно ставање на кондом на пенис. Запознавањето со чекорите за правилно ставање на кондом, овозможува лицето со АСН да практикува носење на информирани одлуки за неговиот/нејзиниот сексуален живот.

Зошто е важно:

Запознавањето со чекорите за правилно ставање на кондом содава услови Вашето дете/ученик/роднина/корисник безбедно да ја истражува и изразува својата сексуалност. Од особено значење е Вашето дете/ученик/роднина/корисник да има поддршка од средината во која функционира (семејство, професионалци и др.) од која може да побара совет за темите кои го/ја интересираат (од каде да купи кондом, како правилно да стави кондом, каде да го фрли кондомот после употреба и сл.). Доколку Вие како родител/професионалец/роднина не обезбедите соодветни информации големи се можностите Вашето дете/ученик/роднина/корисник да стекне погрешни или нецелосни информации за конкретната тема, кои може да имаат големо влијание врз сексуалното и репродуктивното здравје на Вашето дете/ученик/роднина/корисник.

Кога е соодветно да се обработува приказната?

Обезбедувањето на информации за ставање на кондом треба да се започне во текот на пубертетот, бидејќи тој период е окарактеризиран со поинтензивно истражување на сопствената сексуалност, вклучувајќи ги сексуалните односи. Вашето дете/ученик/роднина/корисник треба да ги има информации за чекорите на правилно ставање на кондом пред да почне да практикува сексуални односи, за да може соодветно да се заштити од непланирана бременост и сексуално преносливи инфекции. Темпото со кое ќе бидат претставувани потребните информации зависат од можностите и моменталните потреби на Вашето дете/ученик/роднина/корисник. Во таа насока во кој дел од пубертетот ќе биде обработувана приказната за ставање на кондом проценувате и одредувате Вие во заедничка соработка со Вашето дете/ученик/роднина/корисник и  блиското опкружување на лицето (родители, професионалци, роднини и сл.).

SRH Module Pre Quiz
SRH Module Post Quiz
SRH Module Icon
Ставање кондом
SRH Module Dependency
SRH Module Profile
Country
Age Group