22. КОНТРАЦЕПЦИЈА

Submitted by tstankova on

Што:

Приказната „Контрацепција“ нуди информации за начинот на спречување на концепција, односно бременост. Запознавањето со методите на контрацепција, ги зголемува можностите Вашето дете/ученик/роднина/корисник да практикува носење на информирани одлуки за неговиот/нејзиниот сексуален живот.

Зошто е важно:

Запознавањето со начините на кои може да се спречи бременост содава услови Вашето дете/ученик/роднина/корисник безбедно да ја истражува и изразува својата сексуалност. Сите лица со АСН имаат право да носат информирани одлуки за методите на контрацепција кои сакаат да ги практикуваат. Од особено значење е Вашето дете/ученик/роднина/корисник да има поддршка од средината во која функционира (семејство, професионалци и др.) од која може да побара совет за темите кои го/ја интересираат (видови на контрацепција, начини на користење, нивно набавување и сл.). Доколку Вие како родител/професионалец/роднина не обезбедите соодветна информација големи се можностите  Вашето дете/ученик/роднина/корисник да стекне погрешни или нецелосни информации за конкретната тема, кои може да имаат големо влијание во начинот  на оформување на интимни врски понатаму во неговиот/нејзиниот живот.

Кога е соодветно да се обработува приказната?

Обезбедувањето на информации за контрацепција треба да се започне во текот на пубертетот, бидејќи тој период е окарактеризиран со поинтензивно истражување на сопствената сексуалност, вклучувајќи ги сексуалните односи. Вашето дете/ученик/роднина/корисник треба да ги има информациите за контрацепција пред да почне да практикува сексуални односи, за да може соодветно да се заштити од непланирана бременост и сексуално преносливи инфекции. Темпото со кое ќе бидат претставувани потребните информации зависат од можностите и моменталните потреби на Вашето дете/ученик/роднина/корисник. Во таа насока во кој дел од пубертетот ќе биде обработувана приказната за контрацепција проценувате и одредувате Вие во заедничка соработка со Вашето дете/ученик/роднина/корисник и  блиското опкружување на лицето (родители, професионалци, роднини и сл.). Исто така, поради обемноста на информациите понудени за методите на контрацепција обезбедете повеќе време за запознавање со истите. Приказната можете да ја обработувате во неколку дела, во зависност од можностите и интересот на Вашето дете/ученик/роднина/корисник.

SRH Module Pre Quiz
SRH Module Post Quiz
SRH Module Icon
Контрацепција
SRH Module Dependency
SRH Module Profile
Country
Age Group
Tags