17. Непријатни допири

Submitted by anikolovska on

Што:

Во оваа приказна може да најдете информации кои ќе помогнат да ги претстават ситуациите во кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник доживува непријатни допири. На овој начин, преку конкретни примери, Вашето дете/ученик/роднина/корисник има можност да ги препознае допирите од различни лица, во различни ситуации како непријатни допири.

Зошто е важно:

Препознавањето на непријатните допири е важен услов за идентификување на несоодветно однесување од страна на други лица и детектирање на можно насилство или злоупотреба. Исто така, преку запознавањето со непријатните допири, како непосакувани или недозволени допири се создаваат услови за учење на социјално прифатливо однесување.

Кога е соодветно да се обработува приказната?

Обезбедувањето на информации за разлики меѓу пријатен и непријатен допир се препорачува во текот на раното детство (2-5 години). Користете ги секојдневните ситуации да ги класифицирате допирите како пријатни и непријатни (Убаво ми е кога ме гушкаш; Не ми е убаво кога ми го допираш газето/задникот; Не ми е убаво кога ме буткаш, удираш и сл.), согласно потребите и можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник.

SRH Module Pre Quiz
SRH Module Post Quiz
SRH Module Icon
Непријатни допири
SRH Module Dependency
SRH Module Profile
Country
Age Group