Што:
Во оваа приказна може да најдете информации кои ќе помогнат да ги претстават ситуациите во кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник доживува пријатни допири. На овој начин, преку конкретни примери, Вашето дете/ученик/роднина/корисник има можност да ги препознае допирите од различни лица, во различни ситуации како пријатни допири.
Зошто е важно:
Препознавањето на пријатните допири е важен услов за идентификување на несоодветно однесување од страна на други лица и детектирање на можно насилство или злоупотреба. Исто така, преку запознавањето со пријатните допири, како дозволени допири се создаваат услови за учење на социјално прифатливо однесување.
Кога е соодветно да се обработува приказната?
Обезбедувањето на информации за разлики меѓу пријатен и непријатен допир се препорачува во текот на раното детство (2-5 години). Користете ги секојдневните ситуации да ги класифицирате допирите како пријатни и непријатни (Убаво ми е кога ме гушкаш; Не ми е убаво кога ми го допираш газето/задникот. и сл.), согласно потребите и можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник.
 
    