15. Што е непријатно

Submitted by anikolovska on

Што:

Оваа приказна претставува надоврзување на претходната приказна „Што е пријатно“, со  објаснување на спротивниот поим од пријатно, односно непријатно. Приказната всушност претставува вовед во приказната „Непријатни допири“. Поимот „непријатно/непријатен“ претставува мошне апстрактен термин и тежок за усвојување како таков. Поради тоа во приказната „Што е непријатно“ претставени се повеќе конкретни ситуации низ кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник ќе може да го спознае значењето на поимот непријатно, односно да го поистовети со неубаво доживување, искуство.  

Зошто е важно:

Запознавањето на поимот „непријатно“ претставува предуслов за класифицирање на допирите како непријатни, односно препознавање на терминот „непријатно“ како неубаво доживување или активност. Важно е  Вашето дете/ученик/роднина/корисник да знае да идентификува непријатни ситуации кои кај него/неа предизвикуваат негативни емоции. Токму преку претставување на конкретни ситуации во кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник се чувствува непријатно се создаваат услови за поврзување на практичното доживување со апстрактниот термин „непријатно“. Дополнително опишувањето на лицевата експресија го засилува целиот процес на учење и создава основа на читање на говорот на телото при идентификување на пријатни и непријатни допири.

Кога е соодветно да се обработува приказната?

Запознавањето со апстрактните поими започнува уште со навршување на првата година од раѓањето, кога детето почнува да разбира имиња, зборови кои повикуваат на акција и социјални зборови. Воведувањето на терминот „непријатно“ може да отпочне уште од мала возраст, со негова континуирана примена во секојдневните активности/речник на Вашето дете/ученик/роднина/корисник „Дали ти беше непријатно кога другарот ти викаше? Дали ти е непријатно во тие панталони? Ѓубрето мириса непријатно и слични ситуации.

SRH Module Pre Quiz
SRH Module Post Quiz
SRH Module Icon
Што е непријатно
SRH Module Dependency
SRH Module Profile
Country
Age Group