14. Што е пријатно

Submitted by anikolovska on

Што:

Во оваа приказна може да најдете информации за објаснување на поимот „пријатно“. Оваа приказна всушност претставува вовед во приказната „Пријатни допири“. Поимот „пријатно/пријатен“ претставува мошне апстрактен термин и тежок за усвојување како таков. Поради тоа во приказната „Што е пријатно“ претставени се повеќе конкретни ситуации низ кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник ќе може да го спознае значењето на поимот „пријатно“, односно да го поистовети со убаво доживување, искуство.  

Зошто е важно:

Запознавањето на поимот „пријатно“ претставува предуслов за класифицирање на допирите како пријатни, односно препознавање на терминот „пријатно“ како убаво доживување или активност. Важно е  Вашето дете/ученик/роднина/корисник да знае да идентификува пријатни ситуации кои кај него/неа предизвикуваат позитивни емоции. Токму преку претставување на конкретни ситуации во кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник се чувствува пријатно се создаваат услови за поврзување на практичното доживување со апстрактниот термин „пријатно“. Дополнително опишувањето на лицевата експресија го засилува целиот процес на учење и создава основа на читање на говорот на телото при идентификување на пријатни и непријатни допири.

Кога е соодветно да се обработува приказната?

Запознавањето со апстрактните поими започнува уште со навршување на првата година од раѓањето, кога детето почнува да разбира имиња, зборови кои повикуваат на акција и социјални зборови. Воведувањето на терминот „пријатно“ може да отпочне уште од мала возраст, со негова континуирана примена во секојдневните активности/речник на Вашето дете/ученик/роднина/корисник „Дали ти беше пријатно кога гледаше ТВ? Дали ти е пријатно во тие панталони? Цвеќето мириса пријатно. и слични ситуации.

SRH Module Pre Quiz
SRH Module Post Quiz
SRH Module Icon
Што е пријатно
SRH Module Dependency
SRH Module Profile
Country
Age Group